Магичниот напиток за убавина на Миранда Кер
Триесетгодишниот модел Миранда Кер важи за една од најпривлечните жени во светот, според мислењето на многумина.

Таа е мајка на две годишниот Флин, а сепак изгледа одлично. Миранда тврди дека никогаш ништо не и препушта на случајноста, внимателно избира што внесува во својот организам, а во видеото подолу открива неколку мали, здрави тајни.
„Момците ги сакаат своите автомобили, а јас го сакам својот витамински напиток, одличен е!“ – вели Миранда.
Состојки на овој напиток за убавина:
- 1 чаша кокосово млеко
- 1 чаша кокосова вода
- 1 лажица асаи бери во прав
- 1 лажица грозје
- 1 лажица спирулина
- 1 лажица какао во прав
- 1 лажица мак во прав
- 1 лажица чиа семки
- 1 ½ лажица вегански протеински ориз во прав
Подготовката е едноставна – промешајте ги состојките и блендирајте.
Покрај овој пијалак, Миранда секое утре го започнува со чаша топла вода во која цеди свеж лимон. Како што кажува, тоа и дава доволно витамини и минерали за целодневна енергија.
Погледнете ја како изгледа... Сè уште се сомневате во ефикасноста на овој напиток?
