4 начини на кои летото го подобрува здравјето

Летото е време кога имаме помалку обврски и повеќе време за себе. На располагање ни се бројни намирници богати со биолошки активни материјали.

4-nacini-na-koi-letoto-go-podobruva-zdravjeto-1

Покрај тоа, за време на најтоплото годишно време имаме и повеќе енергија, здравствените проблеми се помалку изразени, расположението ни е попозитивно, па така летото делува благотворно на нашето здравје.

Ова се четирите здравствени предности на летото, што се донесува летото и како ни го поправа здравјето.

Пливање

Со пливањето се активираат речиси сите мускули и со самото тоа се зголемува нивната сила. Оние што страдаат од болни зглобови или артрит можат слободно да вежбаат во вода, без страв од влошување на симптомите. Пливањето ја намалува депресијата и го пoдобрува расположението. Редовната умерена физичка активност се подразбира. Секојдневната едночасовна прошетка делува како антидепресив, а поволно делува и на метаболизмот и телесната тежина.

4-nacini-na-koi-letoto-go-podobruva-zdravjeto-2

Го намалува стресот

Годишните одмори го намалуваат стресот и го подобруваат расположението. На многу луѓе летниот одмор им отвора нова перспектива и мотивација да им се посветат на своите цели. Уште една ефикасна работа се сончевите зраци и тоа најдобро во утринските и доцните попладневни часови. Делуваат поволно на лачењето на хормонот на среќата.

4-nacini-na-koi-letoto-go-podobruva-zdravjeto-3

Делува на здравјето на срцето

Во лето кај сите луѓе доаѓа до паѓање на притисокот, а особено кај хроничните болни кои што имаат покачен крвен притисок. Топлината ги шири крвните садови, а тоа доведува до паѓање на крвниот притисок. Со самото тоа оваа група на пациенти пие помала количина лекови за притисок, што автоматски е добро за црниот дроб. Топлото време поволно делува и на васкуларните заболувања.

4-nacini-na-koi-letoto-go-podobruva-zdravjeto-4

Изобилство на овошје

Јагоди, цреши, боровинки, малини, вишни, кајсии, праски, дињи, лубеници... Освен што е вкусно, овошјето е и многу здраво. Тоа содржи антиоксиданси и витамини, а содржи малку калории. Идеална е медитеранската гурманска кујна со многу свежо овошје, зеленчук, риба и немасно месо. Ова се намирници преполни со минерали и витамини кои во лето им се подостапни на луѓето.

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Србинка со искрени фотки од болница по ставањето силикони: „Ги правев градите, но кога не треба да с... „Имплантите не се само естетика. Тоа е дополнителен товар што го носи ’рбетот. А...
Мозочен удар, откажување на бубрезите: Што ќе се случи ако не го третирате високиот крвен притисок? Високиот крвен притисок може да се регулира со лекови и промени во животните нав...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg