4 митови за слабеењето

Кога на ред доаѓа губењето на килограмите сите се обидуваат да го постигнат тој резултат што е можно побрзо, па затоа веруваат во сите можни диети, пијалаци и правила за исхрана кои го ветуваат тоа.

4-mitovi-za-slabeenjeto-01

Но, реалноста е поинаква, а повеќето од овие работи се само начин како да се профитира. Прочитајте ги најголемите митови за слабеењето кои важат како општо познати правила за слабеење, а се погрешни.

Мит бр.1 - Не смеете да јадете чоколадо

Вистина е дека не смеете да јадете многу додека сте на диета, а ова правило важи и за чоколадото. Ако не можете да одолеете, тогаш јадете во мала количина односно немојте да јадете цела табла. Одлично е горкото чоколадо со голем процент на какао кое во мали количини дури може и да соработува со вас, а не да ви штети на килограмите.

Мит бр.2 - За да изгубите килограми морате да следите радикални диети

Немојте да потпаднете во замката на радикалните диети. Тоа ќе биде губење на нерви, време и пари. Колку и да звучи добро не е реално. Телото не функционира така како што ви сугерираат креаторите на тие диети. Килограмите пополека се накачуваат и потребно е исто толку време да се намалат.

4-mitovi-za-slabeenjeto-02

Мит бр.3 - Можете да намалите килограми со помош на пијалак за слабеење

Овие пијалаци не доведуваат до губење на килограмите, тие можат само да ги надоместат другите намирници кои содржат повеќе калории. За да изгубете килограми треба да трошите повеќе отколку што внесувате. За да се случи ова потребно е да јадете помалку или да се движете повеќе или пак двете заедно. Сеедно е дали ќе внесете 1200 калории преку пијалаци или јадење, важно е дали дневно ќе согорувате повеќе од тоа.

Мит бр.4 - За да ослабете, доволно е да држите диета

Некои тврдат дека е можно тоа да се постигне, но сепак се смета за далеку од идеален пристап. Ниту една диета не ве ослободува од маснотиите кои се опасност по здравјето. Единствен начин за да се ослободите од нив е преку физичка активност. Морате да вежбате за да бидете здрави. Постојат и луѓе кои имаат премногу маснотии иако тежината им е во нормални граници, па ова најчесто важи за нив.

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg