8 Ефикасни трикови за витка линија

Едноличната исхрана која се препорачува во бројни диети бргу ќе ви здодее, па ретко кој успева да остане доследен. Затоа, неколку француски научници откриле трикови со кои ќе се поттикне слабеењето, но доброто расположение и заситеноста ќе бидат сочувани.

interesni-trikovi-za-vitka-linija-01

1. Студената храна, воздух и вода ни помагаат да се разладиме, но и ги топат килограмите. Затоа, избегнувајте топли јадења, загреани простории и туширање со топла вода. Тоа ќе ви овозможи да согорите калории исто колку да вежбате 15 минути.

2. Во шише кое херметички се затвора ставете малку исецкано каранфилче, пет измелени зрна кафе, цимет и ванила. Кога и да паднете во искушение да ја прекршите диетата, отворете го шишенцето и помирисајте. На секои пет дена испразнетего шишете и внесете свежи состојки.

3. Ако покрај вишокот килограми имате и целулит, пијте по литар и половина негазирана минерална вода дневно, за да го прочистите организмот.

4. Помешајте една супена лажица безмасно какао со две супени лажици јогурт, две супени лажици засладувач и арома од лешници. Секоја вечер засладувајте се со овој десерт и чувајте го во фрижидер.

interesni-trikovi-za-vitka-linija-1

5. Чудесните ‘ржени снегулки се идеални за заситување. Додајте ги во супа или било кое јадење ако сакате да ве држи сити подолго.

6. Искористете ги чудесните својства на ренданиот ѓумбир. Додајте го во чај, супа, овесна каша, ориз... Пријатниот мирис и вкус делува смирувачки на организмот.

7. Пијте зелен чај кој е познат по тоа дека е одличен антиоксиданс. Идеална количина се 4 шолји оладен зелен чај дневно, а за да го зголемите ефектот, додајте свеж ѓумбир.

8. По една супена лажица јаболков оцет пред и по оброкот е одличен начин да го забрзате метаболизмот и да ги разградите мастите. Доколку имате чувствителен желудник, користете пилули или раствор од оцет и вода.

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg