Бојата на кожата ги открива здравствените проблеми

Освен природната боја на кожата, постојат и многу невообичаени бои кои може да се појават заради различни физички недостатоци. Нормалната и здрава кожа е чиста, мазна и благо сјајна.

bojata-na-kozata-gi-otkriva-zdravstvenite-problemi-01

Ако е поинаква, значи дека е жртва на некое заболување. Дознајте што тоа значи...

Црвената кожа укажува на вишок масни наслаги и силна храна богата со шеќер, зачини, стимуланси и алкохол. Црвената кожа е показател на проширени капилари, а постои и можност од заболени бели дробови и органи за дишење.

Жолтата кожа се јавува како резултат на вишок на јајца, месо и портокалови плодови. Оваа боја на кожата може да биде показател за проблеми со жолчката, црниот дроб или бубрезите.

Виолетовата кожа настанува кога се консумираат премногу сокови, слатки, лекови и адитиви во исхраната. Можни се проблеми со цревата, варењето на храната или хормоните.

Белата кожа го истакнува вишокот на храна со животинско потекло, богата со масти и соли. Белата боја на кожата ве предупредува на запушување на крвните садови и капилари, болната слезина или лимфни жлезди.

Сината кожа е исто така резултат од вишокот на сол, шеќер, алкохол или било какви додатоци. Честа е кај алкохоличарите и ве предупредува на проблеми со слезината, црниот дроб и панкреасот.

Кафената кожа настанува кога имате проблем со варењето на храната, имате заболен бубрег или систем за излачување. Најчесто се јавува кај оние кои внесуваат големо количество на белковини, масти и шеќери.

Зелената кожа е најстрашната промена затоа што упатува кон развој на циста, тумор или рак. За да не бидете жртва на ваква појава внимавајте со внесувањето на хемикалии и лекови.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg