7 причини зошто да бидете вегетаријанец

Секој има различни сфаќања и потреби за храна. Постојат различни причини зошто нешто јадете или не. Вегетаријанството сè повеќе се прифаќа како начин на исхрана.

7-pricini-zosto-da-bidete-vegetarijanec-01

Ова се топ 7 причини зошто да станете вегетаријанец:

1. Им помагате на животните и на глобалната сиромаштија

Наместо да се трошат милиони тони добиточна храна за да се одгледаат животни за храна на луѓето, може да има повеќе пари и храна за сиромашните и помалку убиени животни.

2. Јадењето месо го поддржува убивањето на животни

За разлика од некогашните фарми каде речиси се било по природен пат, денес има премногу механизми и вештачки обиди за добивање што повеќе месо за пократко време, па така животните се изложени на големи опасности и измачувања.

3. Јадењето месо е лошо за околината

Месната индустрија треба да биде главен фокус кога се соочуваме со проблеми како неплодност на земјата, климатски промени, загаденоста на воздухот, чистината на водата и биоразградливоста.

4. Не јадете птици

Според Светската здравствена организација се смета дека преносливите вируси од храната како птичјиот грип, можат да бидат избегнати само ако не јадете ниту месо ниту јајца од птици.

5. Ќе ослабете

Доколку не јадете месо, а по можност и останатите производи од животинско потекло како: млеко и јајца, при тоа да не ги јадете ниту оние рецепти кои ги содржат, слабеењето ви е загарантирано.

6. Заштедувате

Ќе заштедите во рестораните, бидејќи најскапите јадења содржат месо, а плус сега веќе и рестораните имаат специјално вегетаријанско мени, кое може да биде вкусно.

7. Модерни и интелигентни

Вегетаријанството не е нова појава. Постоеле многу значајни личности во минатото кои биле вегетаријанци: Платон, Сократ, Алберт Ајнштајн, Леонардо да Винчи, Мартин Лутер и др. Но, и денес има многу познати личности кои се вегетаријанци: Бред Пит, Дастин Хофман, Дру Баримор, Алиша Силверстон и други.

Секогаш може да најдете причини зошто да бидете или да не бидете вегетаријанец, ваше е да одлучите што повеќе ви се допаѓа.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg