Есенски купки за уживање

Со доаѓањето на постудените денови, обично имаме проблем со циркулацијата. За да се загреете пред спиење и да ја забрзате циркулацијата, направете некоја лековита купка која ќе ви помогне и ќе ве опушти.

esenski-kupki-za-uzivanje-01

За циркулација

Потребно: 40 капки етерично масло од боровинка, лимон, ѓумбир и санадалово дрво, една лажичка мед и една лажичка сол.

Етеричните масла измешајте ги со медот и истурете ги во кадата со топла вода. Лежете во купката барем 20 минути. А верувајте , ќе сакате да останете и со часови уживајќи во сите мириси.

За уморни стапала

Потребно: по 5 капки од етеричните масла од рузмарин, лаванда и чемпрес и неколку литри вода.

Загрејте ја водата во кадата и додадете ги етеричните масла. Нозете чувајте ги во купката околу 15 минути. Не само што ќе ви омекне кожата на стапалата, туку ќе ви помине и главоболката доколку ја имате или ќе го ублажите стресот.

За здрави нокти

Потребно: 50 мл масло (маслиново, бадемово или сончогледово) и половина лажичка свеж лимонов сок.

Прво загрејте го маслото на пареа. Кога ќе биде млако тргнете го од шпоретот и додајте му го лимоновиот сок. Рацете потопете ги во оваа мешавина и благо масирајте ги десетина минути. Потоа извадете ги рацете и маслото кое останало на нив впијте го во кожата. Правете го тоа двапати неделно. Оваа маслена купка ќе ви ги зајакне ноктите и ќе направи вашата кожа да не се суши или да не испукува од ладното.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg