Како да се справите со сувата кожа во студените зимски денови?

Најчест проблем со кој се соочуваме во зимскиот период е сувата кожа. Студениот зимски воздух е со намалена влажност и ги пресушува природните масла во кожата, на тој начин кожата ја губи влажноста и дехидрира.

kako-da-se-spravite-so-suvata-koza-vo-studenite-zimski-denovi

Острите зимски ветрови, исто така, предизвикуваат воспаление на кожата со црвенило и ситно лупење. Ова води кон груба, напната кожа и интензивен јадеж, со што дополнително ја иритираме, а таа реагира со задебелување, распукување и намалена способност да се регенерира.

Затоплувањето на домовите го суши воздухот во просториите, така што нашата кожа страда од двојно сушење. Со правилна нега и хигиена можеме да ја одржиме кожата здрава и витална и во зимскиот период.

Еве неколку совети:

  1. Избегнувајте користење на агресивни средства за чистење на кожа, користете медицински сапун, маслена купка и хидратантно млеко. Исто така избегнувајте го долгото капење со многу топла вода.
  2. Повеќе пати во денот нанесувајте високо хидрантни креми, средства на база на масло и богата ноќна витаминска крема која ќе ја регенерира кожата додека спиете.
  3. Редовно правете кристален пилинг со што ќе го отстраните мртвиот слој клетки од површината на кожата овозможувајќи и полесно да дише, забрзувајќи ја циркулацијата со што таа подобро ќе се исхранува, а истовремено олеснувајќи го навлегувањето на сите средства кои ги нанесувате со што тие побрзо ќе го покажат својот ефект.
  4. Еднаш месечно може да направите хемиски пилинг со кој длабински ќе ги прочистите вашите пори, и ќе внесете во кожата супстанции кои ќе стимулираат обнова на клетките.
  5. За сите, а особено за оние со многу сува кожа прекрасен третман кој ќе ја врати свежината на вашето лице е мезотерапијата со која во средниот слој на кожата внесуваме различни супстанции како витамини, минерали, биостимулативни состојки или  хијалуронска киселина, од каде таа многу полесно и побрзо ќе ги ресорбира.

kako-da-se-spravite-so-suvata-koza-vo-studenite-zimski-denovi-2

Проблемот со сува кожа во зимскиот период на годината може да се јави кај секој човек на било која возраст. Меѓутоа додека кај едни лица студот предизвикува само црвени и суви образи кај оние лица со веќе постоечка друга дерматоза како на пр. атопичен дерматит, егзема, псоријаза, може да дојде до влошување на истата.

Во таков случај најдобро ќе биде да ве прегледа дерматолог кој во зависност од дијагнозата ќе ви препише соодветна медицинска терапија за нега на кожа.

Д-р Тања Бурјакоска
Спец. Дерматовенеролог
Ординација Д-р Анчевски

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg