Имате храброст? Откријте од што сè може да боледувате и колку ќе живеете

23andMe, именувана според 23те пара човечки хромозоми, е приватна компанија која е посветена на личната генетика и биотехнологијата, а од 2007 година работи на еден извонреден проект.

imate-hrabrost-otkrijte-od-sto-se-moze-da-boleduvate-i-kolku-ke-ziveete

Проектот наречен идентично како и компанијата, 23andMe, започнува со нудење на ДНК тестови на сите оние кои имаат желба да откријат каква здравствена состојба ги очекува, но и каква здравствена историја имаат зад себе.

Овој проект полека, но сигурно се претвора на ДНК борба против времето. Ќе ве врати најмалку 10.000 години наназад и ќе ја проучи секоја ваша релација со било кој друг човек.

Сигурни сме дека до сега низ главата ви прелетаа најмалку 3 прашања, на кои ќе се обидеме да одговориме прецизно и постепено.

Како да дојдете до овој ДНК тест?

Тестот е достапен низ целиот свет, преку официјалната страна на оваа компанија. И ако помисливте дека за ова ви се потребни илјадници евра, грешите. Достапен е за само $99 долари и може да го нарачате од секоја земја во светот, значи и од Македонија.

imate-hrabrost-otkrijte-od-sto-se-moze-da-boleduvate-i-kolku-ke-ziveete-2

Како се одвива процесот на тестирање?

На домашна адреса, која ќе ја оставите при самото нарачување на пакетот, ви пристигнува сè што ви е потребно, заедно со упатство за употреба.

Откако ќе го добиете пакетот потребно е само да го распакувате, да го отворите делот кој наликува на епрувета и да го наполните барем до половина со плунка.

На крај, според упатството, соодветно го пакувате и го враќате на адресата од која ви е пристигнат.

Колку време е потребно за да пристигнат резултатите од тестот?

Потребни се само 6 до 8 седмици за кои ќе бидат направени сите неопходни испитувања врз база на примерокот кој ќе го испратите.

Резултатите ќе ви пристигнат на профилот кој ќе го отворите на официјалната страна на 23andMe, најдоцна за 8 седмици.

Резултатите се делат на 3 главни категории:

  • Семеен статус и можни заболувања кои се пренесуваат со генерации,
  • лични здравствени ризици и
  • решение за истите.

Покрај здравствените проблеми со кои има шанса да се соочите во иднина, оваа компанија ви нуди и листа на предлози и места каде што можете многу повеќе да дознаете за нив и начините за лекување.

За крај, не го заборавајте мотото на овој проект: Бидете храбри, бидете еден чекор понапред од болеста и тестирајте се!

Погледнете го видеото за да видите како се испитува вашата плунка:

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако вашиот партнер навечер ’рчи и ве буди? Пробајте да ја промените положбата на партнерот, замолете го да оди на лекар и а...
Дали сите мажи (ќе) имаат зголемена простата + кои се симптомите? Не е познато што точно ја предизвикува зголемената простата, но факт е дека ова ...
„Подмолни“ симптоми на синдром на полицистични јајници што секоја жена треба да ги знае Дебелеењето и отежнатото слабеење, како и појавата на влакна на брадата и лицето...
Суптилни симптоми на рак на јајници (кој се лекува многу полесно ако е рано детектиран) Крвавењето меѓу менструации и по менопауза обично е знак за некаков проблем, а н...
Првпат во Македонија испечатен 3Д имплант за нос - пациентот го загубил носот од малигна болест Компанијата 3DLoom, во соработка со проф. д-р Софија Пејкова од Универзитетската...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg