„Подмолни“ симптоми на синдром на полицистични јајници што секоја жена треба да ги знае

Дебелеењето и отежнатото слабеење, како и појавата на влакна на брадата и лицето се меѓу најчестите симптоми на синдром на полицистични јајници.

podmolni-simptomi-na-sindrom-na-policistichni-jajnici-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-01.jpg

Синдромот на полицистични јајници е проблем со кој се соочуваат милиони жени ширум светот.

Но, и покрај тоа што често се зборува за синдромот, многу жени не се ни свесни дека го имаат бидејќи симптомите ги припишуваат на други работи, како стрес.

Кај жените со овој синдром, во јајниците се формираат мали цисти кои можат да ја отежнат овулацијата.

Притоа, жените со синдром на полицистични јајници се соочуваат и со хормонална нерамнотежа, со што се јавуваат проблеми со менструалниот циклус, како и низа други симптоми.

Бидејќи самите не можете да си го дијагностицирате синдромот, доколку забележувате некои од симптомите или каква било промена во вашиот менструален циклус, важно е да се консултирате со гинеколог.

Симптомите не мора да значат дека го имате синдромот, но сепак е важно да знаете од што се предизвикани.

podmolni-simptomi-na-sindrom-na-policistichni-jajnici-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-03.JPG

Кои се „подмолните“ симптоми за кои треба да бидете свесни?

Нередовни или многу обилни менструации

Нередовните менструации можат да бидат предизвикани од многу работи – од стрес, до одредени лекови.

Но, повеќето луѓе кои го имаат синдромот се соочуваат и со нередовни менструации или со многу обилни и долги менструации.

Влакна на невообичаени места на телото

Влакната на телото се нормална појава. Но, ако одеднаш почнат да ви растат влакна на лицето, а претходно сте ги немале може да се соочуваат со хормонална нерамнотежа.

Ова, пак, може да биде знак за синдром на полицистични јајници.

Проретчена коса

Од друга страна, кај некои жени со синдромот се јавува проретчување на косата.

podmolni-simptomi-na-sindrom-na-policistichni-jajnici-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-02.JPG

Проблеми со плодноста

Обично на жените со синдром на полицистични јајници им е потешко да забременат поради нередовната овулација.

Впрочем, многу жени дознаваат дека го имаат синдромот кога безуспешно пробуваат да забременат.

Акни

Постојат бројни причини за појава на акни, кои обично се поизразени во тинејџерските години и раните 20-ти.

Жените со синдром на полицистични јајници може да имаат посериозен проблем со акни, кој продолжува и кога се малку повозрасни.

Акните може да се појават и на други делови од телото, како градите и грбот.

podmolni-simptomi-na-sindrom-na-policistichni-jajnici-shto-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-04.JPG

Семејна историја

Се претпоставува дека синдромот можеби е и наследен.

Што значи, ако жените од вашето семејство се соочувале со овој проблем, голема е веројатноста вие да сте изложени на поголем ризик.

Проблеми со тежината

Дебелеењето и отежнатото слабеење се чести симптоми на синдромот на полицистични јајници.

Се проценува дека околу 80% од жените кои добиле дијагноза се соочувале и со проблеми со тежината.

Прочитајте и: 8 причини за болка во градите кои не се ПМС

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg