Зошто портокалите се добри за вашето здравје?

Сладок и сочен, портокалот е едно од најпопуларните овошја во светот. Овој природен извор на енергија и витамин Ц има премногу предности кога се работи за вашето здравје, но доволно е ако ги запаметите следниве:

zosto-portokalite-se-dobri-za-vaseto-zdravje-01

Го зајакнува имунитетот - Содржи витамин Ц кој го јакне вашиот имунитет и ве штити од болести и инфекции.

Ја подобрува еластичноста на кожата - Како што старееме со нас старее и нашата кожа. Антиоксидантите и витаминот Ц во портокалот и даваат младешки изглед и го забавува нејзиното стареење.

Одличен е за видот - Освен рибата, и портокалот е одличен за вашите очи. Покрај Ц витаминот, содржи калиум и витамин А кои ќе го одржат вашиот вид добар и на постара возраст.

Спречува срцеви болести - Причините за срцевите заболувања кај луѓето лежат во блокираните артерии од нездраво хранење, како што е консумацијата на брза храна. Портокалите имаат флавоноиди кои го намалуваат нивото на холестерол и спречуваат блокада на артериите.

Помага во развојот на мозокот - Фолната киселина предизвикува развивање на мозокот и ги одржува виталните органи во форма. Одличен е за бремени жени, бидејќи спречува невролошки нарушувања кај бебето, доколку се консумира во текот на бременоста.

zosto-portokalite-se-dobri-za-vaseto-zdravje-02

Штити од појавување на рак - Портокалот им помага на клетките да се борат против ракот, а во некои случаеви може да го спрече ракот на дојка, бели дробови и кожа.

Го спречува чирот на желудникот - Содржи влакна кои им помагаат на желудникот и цревата да ја одржуваат нивната здрава состојба.

Одличен за дијабетичарите - Портокалите се богати со растителни влакна и имаат висок гликемиски индекс што ги прави добра храна за дијабетичарите. Исто така вреди да се спомене дека портокалот има сладок вкус, што значи дека тие се совршен десерт за оваа група на луѓе.

Го спречува опаѓањето на косата - Го стимулира производството на колаген кој ги одржува ткивата на главата, поврзани со косата. Дава сјај и волумен со често консумирање.

Наместо да јадете брза храна и пиете газирани сокови кои го дујат вашиот стомак, за промена почесто консумирајте овошје и секое утро, цедете  два портокали кои ќе ви дадат енергија за цел ден.

Имате ли уште некој совет, зошто би требало да се јадат портокали? Ви го отворивме ли апетитот?

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg