Подгответе се за пролетна детоксикација

Сакате да се ослободите од вишокот килограми, од токсините во вашето тело и да го зголемите имунитетот?

podgotvete-se-za-proletna-detoksikacija-01

Ова се шест чекори со кои ќе ја постигнете својата цел:

1. Јадете зелено - Спанаќот, марулата и кељот се богати со витамини, антиоксиданси, минерали и одлични се за зајакнување на имунитетот. Консумирајте ги како свежа салата, подготвени на пареа или како шејк.

2. Избегнувјте ги шеќерите и преработената храна - Покрај ова, обидете се да го намалите внесувањето и на бело брашно и млечни производи. Но, не ги исфрлајте одеднаш од исхраната, туку започнете со еден производ кој ќе го замените со здрав продукт. Овие типови храна мора да ги избегнувате при детоксикација, бидејќи го забавуваат исфрлањето на токсините.

3. Бидете свесни за начинот на кој се храните - Обидете се 80% од времето да внимавате на исхраната, а во останатите 20% дозволете си да јадете што сакате. Кога правилно би се хранеле 80% од времето, вашето тело ќе работи како добро подмачкана машина и нема да му биде проблем да ги обработи и оние 20%, кога ќе внесувате што сакате. Метаболизмот нема да ги складира сите токсини во вашето тело, плус повеќе ќе ја цените храната што ретко ја конзумирате и нема да чувствувате вина.

podgotvete-se-za-proletna-detoksikacija-02

4. Пијте вода секој ден - Водата е решение за сите проблеми со килограмите. Затоа пијте најмалку  2 литри вода на ден за вашиот организам да функционира како што треба.

5. Почнете со вежби - Експертите велат дека со вежбање ќе ја забрзате детоксикацијата до осум пати. Вежбањето е важно за физичкото и емоционалното здравје, а покрај тоа преку потта најбрзо и најлесно се ослободуваат токсините.

6. Комбинирајте ја храната - Докажано е дека по секој оброк  телото троши 81% од својата енергија за да ја свари храната. Затоа јадете едноставни и лесни комбинации, за организмот да троши помалку енергија на нејзина обработка и полесно да ги ослободува токсините. Комбинациите како компири и месо, јајца и сланина, ориз и пилешко се кошмар за организмот. Зеленчукот нека биде комбиниран со протеини и тоа нека биде во центарот на вашиот оброк. Овошје секогаш јадете само на празен стомак, не како десерт.

podgotvete-se-za-proletna-detoksikacija-03

7. Внимавајте како ја храните душата - Може постојано да јадете марула и да пиете вода, но она што го внесувате во душата е исто така значајно кога сакате да се ослободите од отровите во вашето тело. Во оваа здрава „храна” спаѓаат пријателството, кариерата, вистинската љубов. Чувството за здравје сепак доаѓа од внатре.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg