Здравствени трикови за кои не ви треба одобрение од лекар

За некои болки и тегоби ви е неопходен лекар и не треба сами да се лекувате. Но, за некои не толку сериозни болки, може слободно да искористите познати медицински трикови и брзо да ја спречите болката.

zdravstveni-trikovi-za-koi-ne-vi-treba-odobrenie-od-lekar-01

Отстранување брадавици со селотејп

Уште во 2002 година група доктори ја споредила ефикасноста на лепливата трака во однос на течниот азот за отстранување на брадавиците. По два месеца секојдневно носење на леплива трака, 85 отсто од пациентите ги изгубиле сите брадавици.

Овесната каша го намалува нафрлувањето на кожата

Ова е вистина, бидејќи овесот има анти-воспалително дејство. Без оглед на тоа дали ја нанесувате на кожата или ја сипете во купка, овесната каша секогаш помага. Пред сè тоа се случува затоа што таа го намалува нивото на хистамин во крвта.

Јогуртот го освежува здивот

Мирисот на здивот доаѓа или од устата или од стомакот, а јогуртот ги лечи и двете. Но, не го има само јогуртот тоа дејство, туку и секој млечен производ.

Лажичка шеќер спречува икање

Студијата која потекнува уште од 1971 година потврдува дека шеќерот навистина го прекинува икањето. Шеќерот во усната празнина веројатно ги менува и грчи нервните завршетоци, откако тие престануваат со контракциите кои ги препознаваме како икање.

Гризнете молив за да излечите главоболка

Иако лекарите и понатаму не знаат зошто тоа се прави, стискањето заби е дефинитивно последица од стрес. Во врска со тоа, кога ги стегаме забите може да предизвикаме главоболка и тензија, а истото може да го спречиме со стискање на тврд предмет со забите.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg