Имате несоница? Овие работи избегнувајте ги пред спиење

Работите кои ги правите во ноќта влијаат на вашиот сон. Од друга страна пак, сонот и добриот одмор неизмерно влијаат на вашето здравје и продуктивноста на работното место следното утро.

imate-nesonica-ovie-raboti-izbegnuvajte-gi-pred-spienje-01

Доколку овие ноќи се мачите со несоницата, тогаш дефинитивно треба да ги избегнувате следниве работи пред спиње:

Консумирање мрсна или високо калорична хранапоради оваа храна не само што не можете да заспиете, туку може и да чувствувате мачнина во стомакот наредниот ден. Затоа, пред спиење, избегнувајте консумирање брза храна, скара, колачи и слично.

Седење пред компјутер - воопшто не е препорачливо пред спиењето. Интернетот, социјалните мрежи како и гледање телевизиски серии пред екранот не му дозволува на вашиот мозок да се релаксира. Во овој случај прочитајте некоја книга или медитирајте.

Работење до доцна -  истото важи и за учењето до доцна. Доколку работите или учите до доцна, подгоотвувајќи се за следното утро во ниеден случај нема да се одморите. Затоа, еден час пред спиење тргнете сè настрана и релаксирајте се правејќи нешто друго.

Консумирање кафе - или останати пијалоци што содржат кофеин, како и пушењето цигари токму пред спиењето ќе ве остави без добар сон. Наместо тоа, практикувајте овие работи да ги правите неколку часа пред спиењето.

Изоставете ги емоциите - нервозата, стресот, емотивните книги или телевизиски серии ви ја одземаат енергијата и ве прават помалку релаксирани и спокојни. Наместо тоа обидете се да читате или да гледате некоја интересна комедија.

imate-nesonica-ovie-raboti-izbegnuvajte-gi-pred-spienje-1

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg