3 трикови кои ја решаваат главоболката за само 1 минута

Главоболката е најчеста непријатна појава која може многу брзо да ви го наруши расположението. Причините за главоболката како и интензитетот на болката се различни.

3-trikovi-koi-ja-reshavaat-glavobolkata-za-samo-1-minuta-01

Сепак, пред да посегнете  по лекарствата пробајте ги овие 3 трикови за кои ќе ви биде потребна само 1 минута.

Молив

Кога сме нервозни, напнати и под стрес, често потсвесно ги стискаме забите со што ги напнуваме мускулите кои ги поврзуваат вилицата со слепоочницата и резултира со главоболка.

За да го спречите тоа, само гризнете молив што ќе ја оневозможи работата на вилицата, ќе ја опушти и со тоа ќе ја спречи болката.

Ментол

Ако имате ли проблем со воспалението на синусите и алергиите направете масажа на челото со помош на етерично масло од ментол. На дланките ставете малку маслиново масло и додајте неколку капки етерично масло од ментол.

Со прст нанесете на челото и пределот на синусите покрај носот и на слепоочниците, па со кружни движења масирајте го лицето околу една минута, а ако сакате може и подолго.

Акупресура

Акупресурата е древна техника која со помош на одредени точки на телото може да ги ублажи или отстрани бројните тегоби. Пронајдете го местото на горниот дел од дланката каде се спојуваат палецот и показалецот. Притиснете го местото и со бавни движења масирајте го кружно околу 1 минута.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Како да познаете дали вашето дете има грип (и зошто не треба да му давате антибиотици на своја рака)... Луѓето можат да го пренесат грипот уште пред да се појават симптомите, па затоа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg