10 работи кои мора да ги знаете за ракот на кожата

 Сигурно до сега сте чуле и дознале многу информации за ракот на кожата, но дали знаете што сѐ треба да преземете да се заштитите од оваа болест?

bidete-informirani-10-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-za-rakot-na-kozata-1

Многумина сметаат дека оваа болест најчесто се добива како резултат од преголемото изложување на сонце и од веќе појавените младежи на кожата.

Погледнете ги овие 10 работи за да дознаете нешто повеќе околу ризиците од оваа болест и начинот на манифестирање на овој облик на рак:

1. Најчестиот облик на рак

Ракот на кожа е најчестиот вид на рак кој најчесто ги погодува луѓето со возрасна граница од 25-та до 29-та година од животот, додека пак другите видови на рак ги погодува луѓето со возрасна граница од 15-та до 29-та година. Експертите веруваат дека тоа се случува како резултат на масовното користење на солариум.

2. Ги погодува сите, без разлика на бојата на кожата

Точно е дека оние луѓе кои имаат повеќе пигмент во кожата имаат помал ризик да добијат рак на кожата, но тоа не значи дека тие во целост се заштитени додека се изложуваат на сончевите зраци. Ракот на кожа ретко се појавува кај лицата со потемна кожа, а кога тоа се случува тој се појавува на нивните стапала и дланки. Затоа лекарите велат, без разлика на било што, мора да се користи крема со заштитен фактор.

3. Не мора да се појави на постоечки младеж

Некои научници сметаат дека ракот се појавува на постоечки младеж, но тоа не мора да биде така. Ракот може да се појави и на некое друго, ново место на кожата.

4. Може да се појави и кај оние кои воопшто немаат младеж

Како симптоми на ракот на кожа се сметаат промената на облик, големината и бојата на младежот, а колку повеќе младежи имате толку е поголема шансата да дојде до појава на рак. Но, лекарите предупредуваат на фактот дека и оние кои воопшто немаат младежи се изложени на истиот ризик.

5. Може и да не изгледа како младеж

Според лекарите, симптомите на болеста може да се појават како некој вид на модринка или темна црта под ноктите. Боб Марли боледувал од оваа болест, која му се појавила на неговиот ножен прст, но поради тоа што тој одбил операција починал по 4 години. Иако е реткост, ракот може дури да се појави и во очите.

bidete-informirani-10-raboti-koi-mora-da-gi-znaete-za-rakot-na-kozata-2

6. Сонцето не е секогаш виновник за ракот

Ракот може да се појави и на места кои никогаш не ги изложуваме на сончевите зраци. Тој може да се појави измеѓу прстите на рацете и нозете, на гениталиите или на пазувите. Затоа е најдобро редовно да вршите самоконтрола и да ги набљудувате телесните промени.

7. Може да се појави кај стари луѓе

Рак на кожа во подоцнежните години може да добијат луѓето кои како млади премногу се изложувале на сонце без заштитен фактор. Избегнувајте да користите разни масла за побрзо да потемните, она што ви е потребно е само млекото за сончање. Овие луѓе се повеќе склони кон ризикот да добијат рак во 50-те и 60-те години, поради мутација на генот во ќелиите кои произведуваат меланин.

8. Најсмртоносен облик на рак

Не само што овој облик важи за најчестиот, туку и за најсмртоносниот тип на рак. Според одредени истражувања, во Америка од рак на кожа умира по еден човек на час. Од почетокот на оваа година па се до овој миг од оваа болест починале 9700 луѓе во Америка.

9. Се лечи доколку се открие на време

Колку порано го откриете овој рак, толку поголеми ви се шансите за успешно лекување. Со оваа болест може да се живее најмногу 5 години, односно се додека ракот не се префрли на лимфните жлезди, а доколку се открие токму во тој период шансите за лекување се 98%. Лекарите препорачуваат годишен преглед на младежите, бидејќи ракот може да се открие во неговата нулта фаза, односно во фаза на негово формирање.

10. Не ги погодува само оние кои обожаваат да се сончаат

Луѓето кои во својата семејна историја имале некој кој бил заболен од оваа болест, големи се шансите и тие да заболат од истата. Доколку имате роднина од кој боледувал од ракот на кожата, тоа ви ги зголемува шансите од 10 до 15 проценти. Затоа е важно да ја знаете вашата семејна историја на болести.

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg