Што се случува во вашето тело кога ќе прескокнете еден оброк?

Прескокнувањето на оброците стана тренд на денешницата, без оглед дали е заради диета или од недостаток на време.

sto-se-slucuva-vo-vaseto-telo-koga-ke-preskoknete-eden-obrok-01.jpg

Доколку и вие често ги прескокнувате оброците од било која причина, мора да знаете што му правите на вашето тело:

1. Дисбаланс на хормоните

Доколку прескокнете еден оброк во денот нивото на кортизол се зголемува и ви предизвикува нервоза. Инсулинот исто така се зголемува, а потоа нагло опаѓа, што доведува до нестабилно ниво на шеќер во крвта.

2. Проблеми при варењето

Вашето тело е навикнато да работи во текот на целиот ден, па кога ќе прескокнете еден оброк, организмот нема што да преработува. За метаболизмот и системот за варење најдобро е да имате 3 главни оброци дневно и 2 ужини.

3. Задржување на мастите

Прескокнувањето на оброкот го збунува вашето тело. Тоа мисли дека го изгладнувате, па кога ќе се случи да прескокнете оброк телото започнува да ги складира маснотиите за да обезбеди „гориво“ за наредниот период, наместо да ги потроши.

4. Го исцрпувате организмот

Прескокнувањето на оброци го забавува вашиот метаболизам и ве прави изморени. Само редовните оброци ќе ви овозможат побрз метаболизам и согорување на внесените калории.

5. Се менува системот на размислување

Ќе се изненадите, но со прескокнувањето на само еден оброк се менува и вашата перцепција за храната. Во вашиот мозок се создава погрешна слика дека храната не ви е приоритет во моментот, што не е добро за вашето целокупно здравје.

6. Доаѓа до прејадување

Прејадувањето е последната и најстрашната фаза која настанува. Вашето тело за време на вечерата е толку исцрпено и гладно за калории, па тогаш доаѓа до прекумерно прејадување. Обично тоа резултира со болки во стомакот и таложење на вишок масти и килограми.

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg