10 здрави причини за уживање во праските

Гаснете ја жедта и освежете се во летните денови токму со праските, кои не само што се вкусни и сочни туку тие се и извор на здравјето.

10-zdravi-pricini-za-uzivanje-vo-praskite-01.jpg

Ако ви се потребни неколку причини плус за да уживате во нивните здрави добивки и сочниот вкус, само продолжете да читате.

1. Праските се одлична храна доколку слабеете или посакувате да симнете некој килограм. Со консумирањето на ова овошје ќе бидете сити и нема да посегнувате по повеќе храна. Една праска содржи од 30 до 50 калории и нула маснотии.

2. Во праските преовладуваат витамините А и Ц кои се добри за вашата кожа. Не заборавајте да си понесете неколку на плажа и вашата кожа ќе добие одличен тен и ќе остане здрава.

3. Имаат одличен ефект врз здравјето на косата. Со јадењето на праските ќе добиете погуста и поздрава коса.

4. Во Унгарија праските се дефинираат како овошје кое ослободува од стресот. Понесете си неколку на вашето работно место и веднаш ќе го забележите ефектот на смиреност кои праските ќе го имаат врз вас.

5. Доколку имате проблеми со вашиот дигестивен систем, се препорачува да консумирате три праски дневно кои веднаш ќе го смират вашиот стомак.

10-zdravi-pricini-za-uzivanje-vo-praskite-02.jpg

6. Во Кина најчесто се консумира чај од праски како лек за бубрежните заболувања.

7. Праските содржат бета-каротен кој го одржува здравјето на очите. Доколку повеќе време поминувате пред компјутерот најдобро е да консумирате секојдневно по неколку праски кои ќе го зачуваат вашиот вид.

8. До сега низите истражувања докажале дека токму праските се борат против ракот и кардиоваскуларните болести.

9. Праските се препорачуваат како терапија за сите оние кои имаат чувствителна кожа, но и најдобро е да се консумираат пред изложување на сонце бидејќи тие штитат од штетните сончеви зраци.

10. Луѓето кои боледуваат од реума им се препорачува често консумирање на праски и нивно воведување како дел од исхраната во оброците.

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg