На лицето ви се познаваат чувствата: Од стрес имате акни, а кога се лутите имате осип

Емоциите кои ги носите во себе јасно се оцртуваат на вашето лице. Сите промени во телото ви се познаваат и на лицето. Ако досега за сè што ви се појавува мислевте дека е само од нервоза или вишок маснотии, погледнете го подобро водичот. Секоја појава ви е предизвикана од различни емоции.

na-liceto-vi-se-poznavaat-cuvstvata-od-stres-imate-akni-a-koga-se-lutite-imate-osip-01

Лутењето предизвикува осип

Најчесто лутината која се таложи и создава притисок може да предизвика иритација на кожата. Таа предизвикува испуштање на кортизол и адреналин во крвотокот што предизвикува осип.

Акните се добиваат од стресот

Стресот поттикнува излачување на кортизол кој неповолно влијае на кожата и може да предизвика дерматитис и акни.

Адреналинот предизвикува црвенило

Ако сте возбудени, под постојан адреналин, ќе имате зголемена чувствителност на кожата. Црвенилото настанува со ширењето на крвните садови и напливот на крвта. Црвенилото се намалува ако шмукате коцки мраз.

Депресијата предизвикува егзема

Траумата и анксиозноста го зголемуваат ризикот за егзема, потврдуваат германските научници. Исто така, овој тип на кожа е почест кај луѓе кои патат од депресија.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg