Зошто не смеете да ја сушите облеката на радијатор

Времето станува сè постудено, а облеката најбрзо се суши на радијатор. Но, тоа воопшто не е добра идеја.

zosto-ne-smeete-da-ja-susite-oblekata-na-radijator-01

Шкотски истражувачи од Архитектонскиот факултет во Шкотска заклучиле дека многу домови имаат премногу влага, а причина за тоа е сушењето на облеката во домовите.

Три четвртини од стотина испитани домови имале влага и мувла. Ваквиот воздух предизвикува појава на астма и слични алергии, особено кај децата.

Тоа го зголемува количеството на влага, а подоцна доведува до проблеми со дишните патишта.

Луѓето гледаат како да ги искористат повеќе радијаторите и останатите грејни тела во текот на зимата, а не размислуваат дека е неопходно и проветрување во текот на тие денови.

Најдобро е да се најде соодветен празен посебен простор во кој ќе може да се суши облеката доколку надвор времето е ладно.

Симптоми за инфекција на дишните патишта од влага и мувла вклучуваат кашлање, непрекинат замор, иритација на очите, грлото и кожата, главоболки и мачнини.

Би можело да ве интересира:

Колку се опасни масните наслаги на стомакот (и кога да одите на лекар)? Вишокот масни наслаги на стомакот обично значи и вишок висцерални масти – масно ...
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
Будење во текот на ноќта и уште 4 навики во спиењето кои се скриен знак за АДХД Кога сме под стрес, нормално е да ни биде тешко да го „исклучиме“ мозокот и да н...
Шест знаци дека ги триете забите додека спиете (дури и ако не сте свесни за тоа) Ако се будите со главоболка или вкочанета вилица, голема е веројатноста дека има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg