10 здрави шејкови за совршена кожа

Ако го замените класичниот појадок со здрави „коктели“, ќе му обезбедите на вашето тело дополнителна енергија, но во исто време и ќе ја ревитализирате кожата. Овие коктели се вистинска експлозија од витамини, минерали и хранливи материи и во комбинација со овошје и зеленчук кои се богати со влакна можат да го прочистат вашиот организам од токсини за многу кратко време.

10-kokteli-za-sovrsena-koza-0

Состојките кои се наоѓаат во овие шејкови благопријатно и делуваат на виталноста на кожата, ја поттикнуваат хидратацијата и ја штитат кожата од опасното УВ зрачење.

1. Утрински коктел од јагоди и краставица

Започнете го утрото со освежувачка комбинација на јагоди и краставица. Јагодите се полни со витамин Ц кој ќе ја поттикне детоксикацијата на вашата кожа, но ќе помогне и во хидратацијата и превенцијата на брчките додека минералите од краставицата ќе ги соберат токсините од вашиот организам и ќе ја прочистат кожата.

10-kokteli-za-sovrsena-koza-1


2. Шејк од портокал и кељ

Овој вкусен пијалок содржи антиоксиданси кои помагаат да се исфрлат токсините од организмот и го јакнат имунитетот. На комбинацијата од портокал и кељ додадете и свеж ѓумбир, нане и чиа семе за да добиете уште посилна витаминска бомба. Портокалот исто така ќе ви помогне со варењето.

10-kokteli-za-sovrsena-koza-2


3. Шејк од ананас, ѓумбир и спанаќ

Овој утрински коктел претставува совршен летен детокс пијалок кој можете да го консумирате и како појадок. Освежителниот вкус на ананасот и ѓумбирот ќе ви ги подобрат варењето и циркулацијата, младиот спанаќ, кој е богат со витамини и ензими ќе ви го зајакне имунитетот, додека свежиот ѓумбир ќе помогне да се забрза метаболизмот.

10-kokteli-za-sovrsena-koza-3


4. Коктел од цреши и кељ

 Додека трае летото задолжително искористете го сезонското овошје и секој ден започнувајте го со овој пијалок. Кељот содржи сулфур кој ја помага детоксикацијата на црниот дроб додека витаминот Ц и влакната од вишната помагаат во хидратацијата на кожата. За да го исфрлите вишокот вода од организмот, во овој шејк додадете и чиа семки.

10-kokteli-za-sovrsena-koza-4


5. Супер шејк од шумско овошје

Моќната мешавина на овошјето во овој коктел помага да се прочисти црниот дроб и да се исфрлат токсините од телото. Вашата кожа после подолго консумирање на овој пијалак ќе биде посвежа и постегната. За приготвувањето на овој шејк може да користите брусница, рибизли, боровници, како и малини и капини.

 10-kokteli-za-sovrsena-koza-5

Уште 5 коктели на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Промени на лицето кои се знак дека очајно ви треба повеќе сон Проблеми како егзема, појава на акни и, секако, темни кругови под очите – кои се...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg