7 интересни факти за женските брадавици

За женското тело се врзуваат голем број на табуа и забрани, меѓу кои се вклучува и темата – брадавици. Оваа тема започнува од прашањето: Ако мажите можат да бидат топлес, зошто не и жените?

7-interesni-fakti-za-zenskite-bradavici-001.jpg

Така во 2014-та година беше отворена кампањата #FreeTheNipple од страна на режисерот Лина Еско која го насочи вниманието на тоа како нашата култура ја третира женската брадавица.

Но, брадавиците не се само извор на одредено социјално движење. Постојат многу факти за брадавиците за кои повеќето луѓе воопшто не се свесни.

Еве неколку од нив:

1. Не постои такво нешто како совршени брадавици

Тие можат да бидат во различни форми и големини, бои, текстури и изглед. Токму поради фактот што постојат големи варијации и разлики во брадавиците, може да се каже дека не постои нешто како совршена брадавица.


2. Не е ништо страшно ако имате влакна на брадавиците

Докторката Мери Џејн Минкин тврди дека околу 30% од жените имаат влакна на брадавиците и тие се резултат на генетиката. Ако имате влакна, можете ако сакате да ги отстраните како и останатите влакна од вашето тело, но можете и да ги оставите онакви какви што се.


3. Ако имате мали испакнатини во близина на ареолата, тоа се вашите жлезди

Тие помагаат при доењето на тој начин што вршат лубрикација, а името го добиваат од докторот Вилијам Монтгомери кој ги анализирал во 1937.


4. Можат да бидат испакнати или вдлабнати

Како што може и папокот да ви биде вдлабнат или испакнат, таков е случајот и со брадавиците. Ако брадавиците ви се вдлабнати уште од раѓање, не значи дека имате некакви здравствени проблеми, туку само ако станат такви подоцна во животот.


5. Полителија е состојба која се појавува кај 1 до 5% од човечката популација

Станува збор за појава на повеќе од две брадавици.


6. Често прегледувајте ги – промените може да укажуваат на рак на градите

Потребно е да внимавате на појава на било какви промени на брадавиците, од боја, чешање, црвенило до било какви форми на исцедок, кои може да укажуваат на рак на градите.


7. Дури и да не сте бремени или со дете, може да ви се појави исцедување на млеко

Ова може да се случи на некои жени кога самата брадавица е притисната и нема потреба од грижи, освен ако покрај млечниот исцедок не се појавува и крв.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg