Мажи, жал ни е: Истражување открива дека грипот е многу полесен за жените

Сите жени знаат дека најтешко е кога некој маж ќе се разболи. Но, новото истражување покажува дека всушност на мажите им е потешко кога се болни т.е. имаат полоши симптоми.

mazhi-zhal-ni-e-istrazhuvanje-otkriva-deka-gripot-e-mnogu-polesen-kaj-zhenite-01.jpg

Ново истражување објавено во American Journal of Physiology открива дека естрогенот всушност ги штити жените од инфлуенца А вирусот (грип) и иако не го спречува разболувањето, ги намалува шансите да се разболите, секако ако сте жена.

Истражувачите земале носни клетки (кои најчесто се инфицираат) од мажи и жени и ги изложиле на вирусот и на неколку форми на естроген. Научниците откриле дека смесата во естрогенот го спречува размножувањето на вирусот, но само кај жените.

Женскиот здравствен експерт Џенифер Вајдер објаснува зошто е тоа важно: „Кога ќе се разболите, вирусот навлегува во клетките од телото и прави копии од себеси. Од тука, тој се шири низ телото. Колку ќе се разболите зависи од размножувањето на вирусот.“

Но, каква врска има естрогенот? Поттикнувачот на истражувањето, Сабра Клејн – професорка на универзитетот Џон Хопкинс вели дека има нешто во естрогенот што го спречува растењето на вирусот, но има нешто и во одговорот на имунолошкиот систем што помага при заштита на нашето тело. Ако ги комбинирате овие два фактори, тогаш сигурно подобро ќе го преживеете грипот за разлика од вашиот сакан.

Исто така, помали се шансите да се разболите ако пиете анти-беби пилули, затоа што тие содржат дополнителен естроген - вели Вајдер.

Како тоа е можно кога минатата година ги пиевте апчињата, а сепак закачивте гадна настинка? Да, и тоа е можно.

„Сѐ уште може да се разболите иако пиете анти-беби пилули. Но, нашите податоци велат дека нема да се разболите премногу или предолго“ – вели Клајн.

Па, иако вашиот естроген може да ве заштити од грипот, сепак можете да се разболите многу лошо. Но, само замислете колку им е полошо на мажите.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Србинка со искрени фотки од болница по ставањето силикони: „Ги правев градите, но кога не треба да с... „Имплантите не се само естетика. Тоа е дополнителен товар што го носи ’рбетот. А...
Има ли начин побрзо да оздравите од настинка (или мора да чекате скоро цела недела)? Антибиотиците нема да ви помогнат побрзо да оздравите од настинка бидејќи ова не...
Шест навики со кои несвесно си ја влошувате анксиозноста Постојано размислувате за најлошото можно сценарио и неопходно ви е туѓо признан...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...
Често се изолирате и уште седум знаци дека ќе ви годи разговор со терапевт Не можете да го контролирате гневот или, пак, само се соочувате со тешка животна...

Најчитани неделава