Често се изолирате и уште седум знаци дека ќе ви годи разговор со терапевт

Не можете да го контролирате гневот или, пак, само се соочувате со тешка животна одлука и ви треба друга перспектива.

chesto-e-izolirate-i-ushte-sedum-znaci-deka-kje-vi-godi-razgovor-so-terapevt01.jpg

Бидејќи кај нас уште постои стигма за менталното здравје, многу луѓе мислат дека на психолог или психијатар треба да одат само оние со сериозни растројства.

Но, ова не е воопшто точно.

Разговорот со терапевт може да ви биде од помош во многу ситуации, дури и ако не страдате од депресија, анксиозност или какво било ментално нарушување.

Неколку знаци дека можеби е добро да си поразговарате со терапевт:

Чувствувате многу изразен гнев или тага

Гневот и тагата се сосема нормални емоции, но сè додека имате контрола над нив и не ви влијаат врз секојдневието.

Ако не можете да ги контролирате испадите на гнев или забележувате дека најголем од времето сте тажни или плачете, можеби се соочувате со проблем за којшто не сте свесни.

Веќе не уживате во омилените активности

Во ред е да ви се менуваат интересите со текот на времето.

Можеби порано сте сакале видеоигри, но сега повеќе уживате во филмови. Или, порано сте сакале да одите во теретана, но сега повеќе да ви годи прошетката во природа.

Но, ако забележите дека губите интерес за скоро сите активности што ви причинувале задоволство, препорачливо е да разговарате со терапевт.

chesto-e-izolirate-i-ushte-sedum-znaci-deka-kje-vi-godi-razgovor-so-terapevt-05.JPG

Избегнувате социјализирање

Повремено на сите ни треба време за себе. Впрочем, дури и корисно е да уживаме во самотијата и нашето друштво.

Сепак, кога ова преминува во изолација, најверојатно постои некаков проблем.

Без разлика дали избегнувате социјализирање поради страв, тага или нешто друго, ова е знак што не треба да го игнорирате.

Забележувате самодеструктивно однесување

Не треба да ве загрижува ако некогаш испиете една пијачка повеќе, потрошите повеќе од планираното и слично.

Но, ако ова ви стане норма и генерално правите работи кои сте свесни дека ви штетат, можеби пробувате да се справите со проблем за којшто не сте свесни дека го имате.

Разговорот со терапевт ќе ви помогне да го откриете.

chesto-e-izolirate-i-ushte-sedum-znaci-deka-kje-vi-godi-razgovor-so-terapevt-03.JPG

Почесто имате конфликти со саканите

Не постои врска, без разлика дали семејна, романтична или пријателска, без конфликти.

Во животот нормално е многупати да се скарате со партнерот, со некој колега, со член на семејството…

Од друга страна, зачестените конфликти може да бидат знак за посериозен проблем.

Некогаш овие конфликти можеби и немаа врска со самата личност, туку се поттикнати од потиснати емоции.

Сте доживеале нешто трауматично

Зборот траума не мора да е однесува на сериозно насилство. За вас, траума може да биде лошиот однос на колегите или, пак, смртта на миленикот.

Секој настан што ви создава интензивен стрес за вас е трауматичен.

Па, ако неодамна сте се соочиле со нешто вакво и не можете да се справите, побарајте помош од терапевт.

chesto-e-izolirate-i-ushte-sedum-znaci-deka-kje-vi-godi-razgovor-so-terapevt-02.JPG

Сакате подобро да се разберете себеси

За да поразговарате со терапевт, не мора да имате некој конкретен проблем, како оние што ги набројавме.

Во ред е и само да сакате да научите нешто повеќе за себе. Можеби и се соочувате со важна животна одлука и не можете да направите избор.

Можеби сакате да го подобрите начинот на комуникација или некој друг аспект од себе.

Сето ова се добри причини за разговор со терапевт.

Потребна ви е поддршка

Некогаш саканите не можат да ни ја дадат поддршката што ни треба.

Некогаш можеби и сакате поразлична перспектива од онаа што ви ја даваат блиските. Терапевтот може да ви помогне и во овие ситуации.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg