8 знаци кои укажуваат на дијабетес

Дијабетесот денес станува сè почеста болест со која се соочуваат голем број на луѓе, а со терапијата треба да почнете што е можно порано, ако ја откриете.

8-znaci-koi-ukazuvaat-na-dijabetes-01.jpg

Навременото откривање на оваа болест значи дека ќе можете да ги заштитите вашите бубрези и срце.

Еве неколку симптоми на болеста:

1. Чувство на вкочанетост

 Ако почувствувате вкочанетост во стапалата или рацете, тоа може да биде знак на дијабетес, односно на нервно оштетување. Овие нервни оштетувања се чест знак на покачено ниво на шеќер во крвта.


2. Проблеми со кожата

Некои од најчестите проблеми на кожата како резултат на дијабетес се пигментација на кожата, пликови и осип.


3. Заматен вид

Вишокот на гликоза во телото предизвикува згрутчување на крвта што може да доведе до заматување на видот. Важно е веднаш да започнете со терапија, за да не дојде до трајно оштетување на видот.


4. Бавно заздравување на раните

Уште еден чест симптом е бавното заздравување на раните поради вишокот гликоза во крвта.


5. Ненадејно губење на тежината и потреба за постојано јадење

Доколку се соочувате со ненадејно и брзо губење на тежината, а не вежбате или не сте на диета, тоа може да значи дека губите калории поради постојаното уринирање. Ако сте постојано гладни, тоа е затоа што оваа болест не им дозволува на клетките да примаат доволно шеќер.


6. Секогаш сте уморни

Зачестеното уринирање и дехидрацијата може да предизвика константен замор. Ова се случува и поради недостатокот на шеќер во крвта.


7. Зголемена чувствителност на инфекции

Докторите тврдат дека оваа болест доведува до зголемена чувствителност на инфекциите.


8. Потреба за често пиење на вода и уринирање

И двата симптоми се јавуваат при покаченото ниво на шеќер во крвта.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
Д-р Анџелка Илиева: „Човек си го шеташе кучето во Градски парк Скопје - му видовме чудна бенка и му ... Еден човек во Градски парк на мене и тимот за преглед на бенки ни кажа: „На поми...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Храна и суплементи што треба да ги ограничите ако примате терапија за хипотироидизам Некои суплементи, како железо и калциум, можат да имаат влијание врз апсорпцијат...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Зошто имате испакнати вени (и кога треба да одите на лекар)? По интензивна физичка активност, нормално е вените да изгледаат испакнато. Исто ...

Најчитани неделава