Познати личности кои се бореле со напади на паника и депресија

Познатите можеби се наоѓаат под рефлекторите и на прв поглед ни се чини дека немаат никакви проблеми, но реалноста е дека и тие се соочуваат со тешкотии во животот.

iskreno-zboruvaat-poznati-licnosti-koi-se-borele-so-napadi-na-panika-i-depresija-01.jpg

Дел од нив зборуваат за депресијата и нападите на паника, па на тој начин сакаат да им покажат на луѓето дека не се сами, дека има и некој друг кој се соочува со истите проблеми.

Кристен Стјуарт

Стјуарт пораснала пред камерите, а славата која ја стекнала преку ноќ лошо се одразила на неа. Анксиозноста била составен дел од нејзините тинејџерски денови, а во тој период најголема потпора била нејзината мајка.

Заедно оделе на терапија.

„Сè сакав да биде под моја контрола. Плачев со денови. Сепак, во еден момент сфатив дека морам да дозволам животот да тече. Сега сум психички многу посилна“ - изјавила Кристен.

iskreno-zboruvaat-poznati-licnosti-koi-se-borele-so-napadi-na-panika-i-depresija-1.jpg


Ема Стоун

Младата актерка открива како со години се борела со напади на паника, а од најголема помош ѝ биле разговорите со нејзината мајка.

„Првпат ми се случи кај еден мој пријател. Мајка ми веднаш дојде по мене, а со таа состојба се борев наредните три дена“ - вели Ема.

Актерката открива дека фокусот на глумата ѝ помогнал да се избори со паниката.

iskreno-zboruvaat-poznati-licnosti-koi-se-borele-so-napadi-na-panika-i-depresija-2.jpg


Кара Делевињ

Кара долго време се борела со депресијата. Сè почнало на нејзините 15 години.

„Луѓето не треба да ги кријат проблемите кои ги имаат. Важно е само на тој пат да имате поддршка од луѓето кои ве сакаат“ - објаснува манекенката.

За неа од најголема помош биле јогата и долгите разговори.

iskreno-zboruvaat-poznati-licnosti-koi-se-borele-so-napadi-na-panika-i-depresija-3.jpg


Што претставуваат нападите на паника?

Паничните напади денес се честа појава. Обично почнуваат на млада возраст помеѓу 18 и 25 години, но можат да се случат секому во различни моменти од животот.

Паничните напади можат да се случат и до 3 пати во една недела, а се одликуваат со висок интензитет на страв кој доведува до паника.

Паничните напади можат да се случат секому, но најчесто се случуваат на личности кои имаат семејна предиспозиција. Обично еден од родителите исто така се соочувал со напади на паника или претерана грижа.

Причините можат да бидат различни, од секојдневни ситуации до големи животни промени.

Всушност извор на напад на паника може да биде сè она што може да ја доведе личноста до ситуација да се чувствува како целосно да ја има изгубено контролата над сопствениот живот.

За време на високата состојба на страв можно е да се случат различни физички манифестации, од вртоглавици, несвестици, тешко дишење, тресење на рацете или нозете, чувство како да имате кнедла во грлото...

Во некои случаи личноста може да има чувство како да ќе доживее срцев или мозочен удар.

Кога нападите се пратени со бурни физички реакции, личноста која го доживува нападот најчесто верува дека нешто се случува на физичко ниво.

Како може да ѝ се пружи помош на личноста која доживува напад на паника? Како можете да реагирате во тие моменти?

Важно е да се потрудите да ја смирите личноста и да направите да се почувствува сигурно.

Иако може да изгледа страшно, причини за дополнителен страв нема, дури и кај оние личности кај кои нападите се чести и силни.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто имате испакнати вени (и кога треба да одите на лекар)? По интензивна физичка активност, нормално е вените да изгледаат испакнато. Исто ...
Зошто имате висок холестерол, дури и кога внимавате на исхраната? Менопаузата и бременоста создаваат многу промени кај женското тело, а можат да б...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Обилен оброк, инфаркт или чир на желудник: Можни причини зошто имате киселини Ако киселините не ви поминуваат, ги забележувате почесто или стануваат поинтензи...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
8 промени кои можат да бидат ран знак за Паркинсонова болест (и не треба да ги игнорирате) Отежнат говор, промени во ракописот, но и промени во изразите на лицето – што др...

Најчитани неделава