Обилен оброк, инфаркт или чир на желудник: Можни причини зошто имате киселини

Ако киселините не ви поминуваат, ги забележувате почесто или стануваат поинтензивни, тогаш можно е да се предизвикани од проблем со здравјето, а не од храна.

obilen-obrok-infarkt-ili-chir-na-zheludnik-kako-da-poznaete-zoshto-imate-kiselini01.jpg

Киселините се нешто што сме го искусиле сите, некогаш и по неколкупати во текот на денот.

Кога киселината од желудникот влегува во хранопроводот, предизвикува чувство на горење во градите. Некогаш киселините може да се почувствуваат и во грлото и устата.

Иако ова е честа појава, особено ако имате чувствителен желудник или сте јаделе нешто што не ви годи, има и некои состојби кои предизвикуваат слично чувство.

Ако забележувате и други симптоми или киселините ви се јавуваат многу почесто, а не сте јаделе нешто лошо, тогаш е добро да се консултирате со лекар.

Дел од здравствените проблеми кои можат да предизвикаат чувство на киселини:

Инфаркт

Иако ретко се зборува за овој симптом, инфарктот може да предизвика чувство слично на киселини. Овој симптом почесто се појавува кај жени отколку кај мажи.

Инфарктот обично е придружен и со други симптоми како болка во градите која може да се прошири на рацете и вилицата, отежнато дишење, вртоглавица…

Жолчни камења

Ако имате камења во жолчката, по мрсен оброк може да чувствувате киселини и неколку часови.

Може да се јави и болка во средината или на десната страна од стомакот.

Ако одеднаш почнете да чувствувате силни киселини по оброк, што траат долго, секогаш е добро да се консултирате со лекар.

obilen-obrok-infarkt-ili-chir-na-zheludnik-kako-da-poznaete-zoshto-imate-kiselini02.JPG

Чир на желудник

Чирот може да предизвика болка во желудникот, но и киселини ако јадете многу мрсна храна.

Во овој случај може да се јави и подуеност, како и болка која се посилна навечер или помеѓу оброци.

Анксиозност

Анксиозноста може да предизвика проблеми со стомакот, вклучително и киселини.

Покрај киселините, може да чувствувате гадење, па дури и да имате дијареја или констипација ако подолг период сте изложени на стрес.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg