Срамните влакна штитат од полово преносливи болести: 5 митови за интимните фризури

Кога зборуваме за срамните влакненца и одржување на интимното подрачје, постојат различни вкусови. Но, одлуките за изгледот и одржувањето на интимните зони често зависат и од приказните и разните совети, кои честопати не се вистинити.

sramnite-vlakna-stitat-od-polovo-prenoslivi-bolesti-5-mita-za-intimnite-frizuri-01

Ова се 5-те најчести митови за интимните фризури и срамните влакна во кои жените не треба да веруваат:

Мит бр. 1: Срамните влакна штитат од полово преносливи болести

Всушност, комплетно спротивно. Интимните влакна, особено ако ја прекриваат целата срамна коска се совршено место за развој на бактерии. Влакненцата содржат одредена количина на влага што ги прави совршено место за размножување и задржување на микроорганизми од кои некои се причинители на полово преносливи болести.

Мит бр. 2: Срамните влакна го намалуваат сексуалното задоволство

Иако некои жени ги отстрануваат срамните влакна за максимално да ги почувствуваат допирите од партнерот, други тврдат дека нивниот природен изглед е одговорен за постигнување оргазам. Но, кога овој феномен го набљудуваме од научно гледиште, постојат податоци кои велат дека срамните влакна се своевиден начин за возбудување на мажите.

Всушност, лојните жлезди сместени под кожата произведуваат безмирисна материја која во комбинација со бактерии кои се развиваат измеѓу влакнената создаваат феремони – хормони на секс, страст и пријатно чувство кои припадниците на појакиот пол ги привлекуваат како магнет.

Мит бр. 3:  Бојата на срамните влакненца е иста како и природната боја на косата

Уште еден стар мит во кој веруваат поголемиот дел од мажите. Всушност, срамните влакна воопшто не мораат да бидат исти, дури ни слични како косата затоа што станува збор за потполно друга структура на влакното.

И иако некои жени имаат разлики во едвај забелижителни нијанси, кај други бојата може да биде потполно поинаква. Но, срамните влакна можат да се споредат со еден вид влакна на женското тело – веѓите.

Мит бр.4: Срамните влакна растат како и косата

Овој необичен мит сигурно ќе развесели бројни жени. Иако ги отстрануваме, непосакуваните влакненца секогаш се враќаат на „местото на злосторството“. Ако ги оставиме природно да растат тие нема да растат во недоглед како косата, туку ќе постигнат одредена должина и тогаш ќе престанат.

 Мит бр.5: Жените со чувствителна кожа не смеат да ја бричат бикини зоната

Иако станува збор за мит, во оваа теза има и малку вистина, барем кога станува збор за пристапот. Всушност, интимната зона сама по себе е подрачје на чувствителна и тенка кожа, која секоја грубост може да ја иритира. Жените кои имаат премногу чувствителна кожа можат да се бричат, но би требало максимално да се информираат и подготват.

За да избегнете иритација и воспаление, многу е важно да одберете квалитетна пена или крема за бричење која е блага за кожата, но блага и на бричот. Бричот мора да биде чист и остар, а препорачливо е да имаат 3 или повеќе жилети.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи со кои го нервирате вашиот лекар (и си го загрозувате здравјето) Го одложувате одењето на лекар и сами ја прекинувате терапијата без да се консул...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Десет знаци дека можеби имате недијагностициран проблем со срцето Отечените глуждови можат да бидат знак за проблеми со циркулацијата, додека болк...
Дали сите мажи (ќе) имаат зголемена простата + кои се симптомите? Не е познато што точно ја предизвикува зголемената простата, но факт е дека ова ...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...

Најчитани неделава