5 митови за пиењето вода кои треба да ги заборавиме

Дали навистина треба да пиеме минимум 8 чаши вода дневно?

5-mitovi-za-pienjeto-voda-koi-treba-da-gi-zaboravime-01_copy.jpg

Иако не штети, количеството на вода кое треба да го испиете дневно, сепак зависи од повеќе фактори: што јадете, каде живеете и какви се временските услови во поднебјето, бројот на вашите килограми и секако, физичката активност.

Вашето тело умее да ви каже кога е жедно, со цел да се заштити од дехидратација.

Значи, престанете да се грижите за бројот на чашите вода дневно, само слушајте го своето тело.

Тоа ќе ви ги даде потребните насоки.

1. Постои точно определена количина вода која треба да се испие во текот на денот

Голем број истражувања тврдат дека минимумот вода кој треба да го испиете дневно се пресметува со помош на математичка формула.

Поделете ги вашите килограми на половина и за секој килограм испијте по 30 ml водна дневно.

Тоа значи дека доколку некој тежи на пример 60 kg, треба да испие минимум 900 ml вода во денот.

Овие квази-истражувања не се поткрепени со докази дека навистина делуваат.

Голем дел од течностите во текот на денот ги внесувате со консумирање на овошје и зеленчук, како и преку други течности (сокови, кафе, чај).

2. Кафето го дехидрира организмот

Како кафето влијае врз внесувањето вода во организмот?

Додека најголем дел од луѓето веруваат дека кафето ве дехидрира, истражувањата покажаа дека умереното пиење кофеин всушност има хидрирачки ефект врз организмот.

3. Водата побрзо ги чисти токсините

Бубрезите (заедно со црниот дроб) го чистат организмот од токсини. Голем дел од луѓето веруваат дека водата ќе ги исфрли токсините надвор.

Не постои истражување кое потврдува дека пиењето поголема количина на вода навистина помага во исфрлањето на токсините од организмот.

4. Чистата урина е најдобар показател за количеството вода во телото

Најголем дел од популацијата е убедена дека урината мора да е скоро проѕирна за да го поткрепи доказот дека на вашето тело не му е потребна вода. Сепак, тоа е малку претерано.

Доколку таа навистина е проѕирна, тоа само значи дека телото е преполно со вода и наскоро ќе се ослободи од истата.

Урината може да биде и бледо жолта, тоа не значи дека ви недостасува вода.

Посегнете по бокалот вода само доколку бојата е темна како сок од јаболко, или мириса исклучително непријатно.

5. Премногу вода не може да штети

Еден од најлошите митови на оваа тема гласи: „Не можете да испиете премногу вода“.

Премногу вода може да доведе до состојба наречена хипонатремија, која покажува дека има премногу вода во однос на количината на растворлива супстанција во организмот и го пореметува балансот на електролитите.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg