12 непријатни физички проблеми со телото и како да се ослободите од нив

Прашајте било кого и со сигурност ќе добиете некоја жалба околу изгледот на нивното тело или мал детаљ со кој воопшто не се среќни и задоволни.

12-neprijatni-fizicki-problemi-so-teloto-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-001.jpg

Од неколку килограми помалку, до тоа косата да изгледа поинаку, многу луѓе посакуваат да променат нешто кај себеси.

Но, што е со оние проблеми од кои се срамиме? Како на пример, често и обилно потење, лош здив...

Експертите откриваат како можете да се ослободите од овие непријатни работи:

1. Жолти заби

Без разлика на тоа колку добро изгледате, ако вашата насмевка открива редови на жолти заби никогаш не изгледате доволно привлечно.

Добрите вести се дека ова може да се промени ако повремено се откажете од зачинетата храна и црвеното вино.

Докторката Ухена Окоје, клинички директор на „London Smiling Dental Group“ открива дека сè се сведува на тоа како живеете.

„Работите кои ги јадете и пиете ги бојат вашите заби, а пушењето е најлошо. Сè што може да остави дамки на вашата маица, остава дамки и на вашите заби.“ - вели таа.

„Чајот е исто така меѓу најлошите работи , бидејќи предизвикува појава на жолти заби.“ - додава.

За среќа, ако сакате да продолжите да уживате во некои работи можете да се послужите со веќе проверени производи како ленти за белеење или домашни рецепти како јагоди и сода бикарбона.

Таа советува да употребувате 8 јаготки и половина лажичка сода бикарбона за природно белеење на забите.

12-neprijatni-problemi-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-1.jpg

2. Лош здив

Наутро секој се соочува со лош здив, но проблемот настанува кога истиот продолжува и понатаму во текот на денот.

Третина од луѓето воопшто не се ни свесни дека стриктната диета и вежбањето можат да предизвикаат лош здив, барем така открива истражување направено од CB12, бренд на дентални производи.

Докторот Лук Торли вели дека вежбањето може да доведе до дехидрација, што значи дека се произведува помалку плунка која ја чисти устата, а ова доведува до лош здив.

Избегнувањето да појадувате исто така, може да биде уште еден причинител за лош здив.

Ако се држите до диета која подразбира консумирање на многу малку јагленихидрати исто така, може да имате лош здив, бидејќи вашето тело е во состојба на кетоза.

Било која акција која може да доведе до дехидрирање на телото, ќе резултира и со лош здив.

Ако сакате да го избегнете овој  проблем, редовно мијте ги забите и добро чистете ги со конец за заби и погрижете се вашето тело да биде добро хидрирано.

12-neprijatni-problemi-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-2.jpg

3. Ќелавост и губење на коса

Нема ништо невообичаено во тоа да губите коса - секој од нас ослободува најмалку 100 влакна од косата во текот на денот.

Андрогената алопеција е најчеста форма на губење на косата за мажите и жените. Често прогресира кај мажите над 50 години, но може да започне и во тинејџерските години.

Алопецијата е генетски наследна.

Од друга страна, докторката Анабел Кинсли, експерт од соодветната област, вели дека машките хормони природно доведуваат до постепено губење на косата, дури и кај жените.

Проблемот не може целосно да се реши, но може да се забави со одредени контрацептивни апчиња, бидејќи дел од нив влијаат на машките хормони како оние кои содржат норетистерон, гестодин, етинодиол диацетат...

Уште една можна причина за губење на косата е недостаток на протеини, железо и комплексни јагленихидрати, а тоа може да се промени преку исхраната.

12-neprijatni-problemi-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-3.jpg

4. Гасови

Во просек, луѓето произведуваат околу 500ml до 2l гасови во еден ден.

Но, чувството дека сте полни со гасови може да се зголеми ако јадете брзо и внесувате гасови преку устата и ако пушите.

Голтнатиот воздух најчесто се испушта преку хранопроводот, другиот дел е разработен од бактериите во цревата и продолжува понатаму.

Уште една можност поради која сте полни со гасови е и поради честото консумирање на храна која содржи тип на јаглехидрат познат како рафиноза - кој се наоѓа во брокулите и зелката.

Храната која содржи јаглехидрати кои тешко се апсорбираат ги иритираат цревата и настанува производство на вишок гасови.

Ако сметате дека имате премногу гасови, најдобро е да се посоветувате со нутриционист и да избегнувате храна која го зголемува производството на гасови.

12-neprijatni-problemi-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-4.jpg

5. Константно растечен нос

Повеќето луѓе можат да бидат поднастинати на зима и да имаат растечен нос, но кај некои тоа се случува во текот на целата година.

Доктор Скур вели дека тоа може да биде знак за хроничен ринитис, најчесто предизвикан од алергии на полен, прашина...

Во воздухот постои нешто кое предизвикува иритација на носната шуплина која отекува и започнува да произведува поголеми количини на слуз.

Ако имате константно растечен нос, овој доктор вели дека најдобро е да пробате да се лекувате со спреј кој содржи антихистамини, а ако тоа не успее, лековите кои содржат стероиди можат да бидат од помош.

12-neprijatni-problemi-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-5.jpg

6. Жени со вишок влакна на горните усни

Пресметано е дека една од 10 жени се соочува со вишок влакна на горните усни, но зошто се случува тоа?

Доктор Рина Дејвидсон, ендокринолог од  „Whipps Cross University Hospital“ од Лондон вели дека ова најчесто се случува кај жените кои страдаат од синдромот на полицистични јајници.

Овој синдром може да се препознае по нерегуларните менструални периоди, но и преку произведувањето на поголеми количини на машки хормони кои доведуваат до раст на влакната на телото.

Ова е проблем за кој морате да посетите ендокринолог.

12-neprijatni-problemi-i-kako-da-se-oslobodite-od-niv-6.jpg

Уште 6 проблеми и решенија за нив на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg