9 сигнали од телото кои треба да ги сфатите сериозно

Телото е најкомплицираната машинерија која постојано ни испраќа сигнали кога некаде ќе заглави. Но, од невнимание или незнаење, често ги игнорираме.

9-signali-od-teloto-koi-treba-da-gi-sfatite-seriozno-001.jpg

Денес одвојте 5-10 минути и проверете дали сте воочиле и игнорирале некој од следниве 9 знаци:

Темни кругови околу очите

Ако спиете 7-8 часа во текот на ноќта, а повторно се будите со темни кругови под и околу очите, може да се работи за анемија. Кога телото произведува помалку црвени крвни зрнца, кожата околу очите брзо може да потемни.

9-signali-od-teloto-koi-treba-da-gi-sfatite-seriozno-1.jpg

Различна боја на прстите

Ова е прв знак на Рејно феноменот - состојба кога ниските температури предизвикуваат грчеви на крвните садови, што доведува до промена на бојата на прстите.

9-signali-od-teloto-koi-treba-da-gi-sfatite-seriozno-2.jpg

Заматен вид

Ако очите често ви се изморени, ќе забележите дека видот полека ви ослабува и ви се поматува. Ова е прв знак дека ќе развиете миопија или астигматизам, затоа најдобро е да се консултирате со офталмолог.

9-signali-od-teloto-koi-treba-da-gi-sfatite-seriozno-3.jpg

Чудни форми пред очите

Ако од време на време гледате точки или линии пред очите, со светла или бела боја, задолжително одете на проверка на видот. Ова е прв знак кој предвидува катаракта и други сериозни очни болести.

9-signali-od-teloto-koi-treba-da-gi-sfatite-seriozno-4.jpg

„Музика“ во абдоменот

Крчењето во стомакот, ако е ретко, не е страшно, но ако е проследено со болка, мора да посетите лекар.

9-signali-od-teloto-koi-treba-da-gi-sfatite-seriozno-5.jpg

Лупење на кожата

Сигнал дека ви недостасуваат витамини. Добрата исхрана е гаранција за нормална кожа, па ако се јави лупење и чешање, мора да се консултирате со лекар. Исто така, постои голема шанса да се работи за габична инфекција која мора да се третира соодветно.

9-signali-od-teloto-koi-treba-da-gi-sfatite-seriozno-6.jpg

Парцијално губење на мирисот

Ако чувствувате дека сетилото за мирис ви ослабува или се губи постепено, може да се работи за сериозна настинка или инфекција. Затоа, не го игнорирајте овој знак.

9-signali-od-teloto-koi-treba-da-gi-sfatite-seriozno-7.jpg

Играње на окото

Повременото играње на окото може да се јави од претерано напрегање на очите и видот, а може да се спречи и смири со ладни облоги. Ако не престанува, може да се работи за нервно нарушување, кое мора да се следи од доктор.

9-signali-od-teloto-koi-treba-da-gi-sfatite-seriozno-8.jpg

Ѕвонење на ушите

Иако мислите дека е безопасно и ќе помине брзо, доколку ѕвонењето на ушите е често и непријатно, можеби се работи за патолошка состојба.

9-signali-od-teloto-koi-treba-da-gi-sfatite-seriozno-9.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg