Се лажете самите дека сте испиле помалку: Знаци кои ви покажуваат дека имате проблем со алкохолот

Многу често проблемите со зависност од некоја супстанца не ги воочуваме се додека не станат сериозни.

se-lazete-samite-deka-ste-ispile-pomalku-znaci-koi-vi-pokazuvaat-deka-imate-problem-so-alkoholot-1.jpg

Може да сме на пат да станеме зависни од некоја супстанца, но тоа да не го забележуваме.

Еве неколку знаци дека можеби треба да намалите на консумирањето алкохол:

1. Се опуштате со неколку чаши алкохол пред да се сретнете со пријателите

Преубаво е чувството кога ќе се напиете една чаша вино за да се опуштите во текот на денот, но станува проблем кога имате потреба да се напиете по неколку чаши пред да излезете од дома и да се сретнете со вашите пријатели. Ова најчесто го прават студентите кога за да заштедат пари пијат неколку пијачки дома и потоа седат со по една чашка на излегување. Меѓутоа ако ова ви стане ритуал, работите многу лесно може да излезат од контрола и да почнете да консумирате многу повеќе отколку што треба.

2. Целиот социјален живот ви се врти околу пиењето

Ако сте оној во друштвото кој цело време ги бара пријателите да излезат и да пијат, тогаш можеби е време да размислите дали социјалниот живот и изборот на пријатели ви зависи од тоа колку се подготвени тие на секое излегување да ви прават друштво за пиење. Исто така може да ви се случува често да сакате да останете дома да пиете нешто одколку да излезете во трезна дружба.

se-lazete-samite-deka-ste-ispile-pomalku-znaci-koi-vi-pokazuvaat-deka-imate-problem-so-alkoholot-2.jpg

3. Се лажете самите дека сте испиле помалку

Многу често се лажете дека двете чашки што ги испивте пред неколку часа не се важат, затоа што поминало повеќе време или сте јаделе нешто и слично. Ако често креирате вакви формули за броење на чашите и пробувате да го намалите бројот за да не звучи толку лошо, тогаш е навистина можно дека сте почнале да претерувате.

4. Се плашите да останете без ни едно шише алкохол дома

Константо се грижите дали дома имате алкохол или купувате по повеќе шишиња во случај да не биде затворено во недела и слично. Купувате секогаш повеќе за секој случај и ако имате немате допиено некое шише на овој начин се убедувате дека е во ред да го допиете затоа што имате вишок.

5. Се нервирате кога гледате дека другите пијат бавно

За вас алкохолот престанал да биде уживање. Станувате нервозни кога гледате дека некој бавно пие и едвај чекате да ја заврши чашката за да може да порачате нова тура. Исто така може да се изнервирате ако некој од пријателите ви каже дека му е доста една чаша и сака да си оди дома, а вие само што сте почнале.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...

Најчитани неделава