Труење со храна или стомачен вирус: Како да ги разликувате?

Иако стомачните вируси и труењето со храна се манифестираат на мошне сличен начин, од особена важност е да се утврди за што точно станува збор.

truenje-so-hrana-ili-stomachen-virus-kako-da-gi-razlikuvate-1_copy.jpg

Имам закачено некој вирус или ручекот не беше во ред? Повеќето луѓе не умеат да ги разликуваат симптомите на стомачен вирус од оние на труење со храна, но не е за изненадување. Симптомите се толку слични што е навистина тешко да се направи разлика. Сепак, одредени стомачни заболувања се опасни и со сериозни последици доколку не се дијагностицираат и лекуваат навреме, предупредуваат лекарите, па од особена важност е да се утврди за што точно станува збор.

truenje-so-hrana-ili-stomachen-virus-kako-da-gi-razlikuvate-2_copy.jpeg

Како да ги препознаете и лекувате? Ви откриваме во продолжение:

Причини

Всушност, и стомачниот вирус, и труењето со храна ги предизвикува некаков вирус или бактерија, а разликата е само во начинот на кој сте изложени на заразата. Труењето со храна се случува кога консумираат храна која е заразена со патоген, додека стомачниот вирус може да се пренесе на повеќе начини, а најчесто преку контакт со заразена личност.  

truenje-so-hrana-ili-stomachen-virus-kako-da-gi-razlikuvate-3_copy.jpeg

Размислете каде сте биле и што сте правеле во последните 24 часа. Дали сте дошле во контакт со заразена личност, или, можеби, сте заборавиле да ги измиете рацете пред јадењето?

Симптоми

Постојат низа заеднички симптоми што ги споделуваат стомачните вируси и труењето со храна, како што се: грчеви во стомакот, покачена температура на телото, ладна пот, мачнина, дијареја, намален апетит, болки во мускулите и зглобовите, главоболка и повраќање.

Сепак, она на што треба да обрнете внимание е времето на развој на симптомите:

При труење со храна, симптомите се јавуваат неколку часа по изложеноста на заразата, додека кај стомачниот вирус треба да поминат од 24 до 48 часа од заразата до првите симптоми.

truenje-so-hrana-ili-stomachen-virus-kako-da-gi-razlikuvate-4_copy.jpg

Исто така, важно е да го имате предвид и времето кое ви е потребно за оправување:

Симптомите на труење со храна би требало целосно да се повлечат за неколку дена, додека оние на стомачниот вирус може да ве измачуваат и цела недела.

Лекување

Правилната хидратација на организмот и одржувањето на нивото на електролитите под контрола се важни во двата случаи, советуваат докторите. Сепак, избегнувајте купување на сокови од продавница, бидејќи може дополнително да го вознемирите желудникот. Попрво одлучете се за вода, незасладен чај од нане или или препарати за рехидратација кои може да ги набавите во аптека.

truenje-so-hrana-ili-stomachen-virus-kako-da-gi-razlikuvate-5_copy.jpeg

Што се однесува до храната, најдобро е да јадете банани, двопек и ориз, а да пиете  природен сок од јаболка. За неколку дена, кога симптомите ќе се смират, можете полека да ги воведувате и останатите намирници во исхраната.

Важно: Симптомите како дехидратација, крв во столицата, абдоминални болки и нагло губење на тежината никако не смеете да ги игнорирате. Доколку се појават, веднаш обратете се за лекарска помош.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...

Најчитани неделава