Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Храна која никогаш не смеете да ја користите доколку е со поминат рок

Доколку „роварите“ во фрижидерот и налетате на производи на кои што им е поминат рокот, размислете двапати пред да се одлучите да ги консумирате. Па, доколку се прашувате дали да ја фрлите храната со поминат рок и покрај тоа што сте ја платиле поскапо, одговорот е дефинитивно „да“!

hrana-koja-nikogas-ne-smeete-da-ja-koristite-dokolku-e-so-pominat-rok-001.jpg

Во продолжение погледнете кои типови на производи можат да бидат навистина опасни, доколку ги консумирате по истекувањето на рокот на употреба.

Природни свежо цедени овошни сокови

Освежителните ладно цедени сокови кои ги обожавате, никогаш не смее да се косумираат откако ќе им измине рокот на употреба. Крајниот датум е најчесто само 2 до 5 дена од датумот на производство и истиот е означен на самата амбалажа.

Бидејќи овие сокови се непастеризирани, истите се подложни на контаминација на бактерии. Од друга страна, соковите кои се произведени со процес под висок притисок траат подолго - од 30 до 45 дена од датумот на производство.

И за нив се препорачува консумирање пред истекот на рокот на употреба.

Свежо шумско овошје

Свежите јагоди, боровинки и малини се богати и хранливи овошја, но, тие исто така може во себе да носат и паразит, кој предизвикува дијареа, повраќање, надуеност и други непоријатни симптоми.

Мијте ги пред секое јадење и никогаш не ги консумирајте после истекот на датумот на употреба, особено откако ќе почнат да се распаѓаат или да се појавува мувла. Зачувајте пари така што ќе ги замрзнете свежите плодови кои не планирате да ги јадете веднаш.

Сечкани сувомесни производи

Освен ако не купувате претходно вакумирани пакувани парчиња сувомеснато, оние тенко исечени парчиња од димено мисиркино месо имаат рок на употреба од само 3 до 5 дена. Не чекајте да станат лигави или да почнат лошо да мирисаат – тогаш е веќе доцна.

Тоа е затоа што може да ја содржат бактеријата листерија – тип на бактерија која може да опстои и на ниски температури и може да предизвика треска, болки во мускулите, дијареа и сериозни комликации кај бремените жени.

Меки сирења

Слично како и сувемеснатото, меките сирења може да содржат листерија, како и ешерихија коли - посебно ако се направени од непастеризирано млеко. И во споредба со потврдите сирења, расипаните делови потешко можат да се отстранат. Општото правило е дека треба да се консумираат 5 до 7 дена, откако ќе се отворат.

Листест зеленчук

Се однесува за салати како марули и зелка. Иако истите се премивани повеќепати, истражувањата покажуваат дека тие сѐ уште имаат тенденција да содржат бактерии, како на пример ешерихија коли. Задолжително е секогаш да се мијат пред употреба и никогаш да не се консумираат ако стојат долго и забележите дека се расипани.

Свежо месо

Голем дел од свежото месо кое се продава во продавниците е контаминирано со салмонела, ешерихија коли и други бактерии кои може да предизвикаат болести на мозокот. Може да се консумира само пред рокот на употреба да истече или доколку претходно е замрзнато  – пред бактериите да имаат шанса во голема мера да се размножат.

Дури и пред рокот на употреба, треба да да го приготвите месото на соодветна температура. Најголем ризик има кај меленото говедско месо, бидејќи тоа се допира најмногу при обработката.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Работи што ортопедите никогаш не би ги направиле (а не треба ни вие) Трчање со несоодветни патики, одење боси низ хотелска соба – со кои грешки си го...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Храна што го хидрира телото (и треба да ја јадете почесто) Кога ќе се спомене хидрирање на телото најчесто помислуваме на пиење вода. Но, о...
Кои лекови се токсични откако ќе им помине рокот на траење, според фармацевт? Додека парацетамолот кој е добро затворен има само намалена ефикасност откако ќе...
Видови болка кои никако не треба да ги игнорирате, според доктор Болката во стомакот не е невообичаена појава, но кога е многу силна, не поминува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg