Исчистете го фрижидерот за да го прочистите организмот

Доколку сакате да водите подобра грижа за вашето тело и да почнете да се храните поздраво, кујната е вистинското место од каде што треба да почнете.

ischistete-go-friziderot-za-da-go-prochistite-organizmot-2.jpg

Внесувањето на здрави и свежи оброци е круцијално, но никогаш не треба да го потценувате ефектот на добро организираниот фрижидер. Па така, колку побрзо го исчистите фрижидерот од калоричните и нездрави производи, толку побрзо ќе го исчистите и вашиот метаболизам.

Во продолжение прочитајте неколку трикови кои ќе ви помогнат да ја организирате храната во фрижидерот на оној начин на кој тоа ви е потребно.

Направете ги првите чекори на подготовка

Доколку имате време, неделното попладне искористете го така што ќе си подготвите дел од оброците за деновите што следуваат. Зеленчуци од типот на домати, пиперки, кромид и слично, можете да ги исецкате и да ги ставите во тава со маслинов зејтин малку да се потпечат.

Ова е одличен начин да си подготвите прилог кој ќе можете да го консумирате во текот на целата недела.

Што се однесува до овошјето, слободно може да го замрзнете. Замрзнатото овошје има висока нутрициона вредност и не губи ништо од своите состојки. Друга опција е да си исечете дел од овошјето навреме.

На пример, лубеницата одзема премногу време за да ја подготвувате наутро, па зошто да не исечете тенки парчиња и да ги ставите во сад кој ќе го чувате во фрижидерот.

Ставете ги здравите јатки на виделина

Нутриционистката Кери Гласман објаснува дека начинот на кој ги организираме работите во нашиот фрижидер, може значително да влијае на она што го јадеме.

Па затоа, користете стаклени или пластични кутии и производите со највисока нутритивна вредност ставајте ги на средните полици, каде ќе можете полесно да ги видите. На овој начин многу почесто ќе консумирате здрави намирници, кои ќе ве држат сити во текот на целиот ден.

Разубавете ја водата

Колку поубаво изгледа вашиот фрижидер, толку поздраво ќе се храните. Кога ќе ја отворите врататa од фрижидерот и ќе видите бокал вода со парчиња лимон и свежи листови нане, едноставно нема да одолеете, а да не се напиете.

Самата свежина на боите ќе ве натера постојано да посегнувате по овој пијалак, кој дефинитивно ќе го детоксицира вашиот организам.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...

Најчитани неделава