4 навики кои предизвикуваат често појавување на Кандида

Габичните инфекции предизвикани од габата Кандида се еден од најчестите гинеколошки проблеми кај жените.

Gabicni-infekcii-4-cesti-naviki-koi-mozat-da-predizvikaat-neprijatna bolest-01

Жените често се жалат на постојано воспаление без да знаат зошто тоа се случува.

Малку познат факт е дека секојдневните навики неретко знаат да бидат причинител на развојот на габичните инфекции.

Не постои единствена мерка на претпазливост која може да ве заштити од овие непријатни болести, но доколку сакате да го  намалите ризикот од нивна појава, избегнувајте ги следниве 4 навики:

1. Консумирање на големи количини на храна која содржи шеќер или квасец

Храната богата со шеќер и квасец ја храни габата. Прекумерната употреба на алкохол исто така може да предизвика габични инфекции. Доколку сте склони кон вакви инфекции, бидете умерени во консумирањето на слатки и храна како сирење, печурки и ферментирана храна.

2. Премногу често земање на антибиотици

Антибиотиците можат да ги уништат бактериите кои предизвикуваат болест, но исто така можат да ги уништат и добрите бактерии кои ја одржуваат киселоста и pH вредноста на ниско ниво.

3. Користење на одредени видови на контрацепција

Габична инфекција често се појавува и кај бремени жени, и корисници нa хормонска контрацепција. Во тој случај се препорачува контрацепција со помала доза на естроген.

4. Носење на премногу тесна и мокра облека

Синтетичката или премногу тесна облека може да предизвика појава на габични инфекции. Затоа после вежбање се препорачува да се носи сува и чиста облека.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...

Најчитани неделава