Дали е неопходно да ги извадите умниците?

Умниците, односно осмиците, честопати се причина за двоумење кај луѓето – дали да ги остават или сепак да ги извадат?

dali-e-neophodno-da-gi-izvadite-umnicite-01.jpg

Почнуваат да избиваат од 12 до 25 години, и многумина би ви препорачале да ги отстраните. Но, дали е неопходно?

Еве кратка анализа која може да ви помогне:

dali-e-neophodno-da-gi-izvadite-umnicite-02.jpg

- Ако се здрави, неискршени, немаат кариес и непцето околу нив не е воспалено.

- Целосно се избиени и излезени.

- Соодветно се поставени така што не ви ги притискаат останатите заби.

- Лесни се за чистење и миење при нормално миење на заби.

dali-e-neophodno-da-gi-izvadite-umnicite-03.jpg

- Скриени се под непцето и тешко се достапни за миење и четкање.

- Не се целосно излезени над непцето. Ова може да доведе до отежнато чистење и бактерии и инфекции.

- Доколку забите немаат доволно простор, односно вилицата ви е тесна, па  нивното никнување ви предизвикува притискање на останатите.

- Доколку чувствувате било каква болка во тој предел.

- Непцата околу нив ви се воспалени.

- Полека се формира кариес кој преминува и на забите до нив.


Заклучок:
Умниците не секогаш се проблем и пречка која мора да ја отстраните. Со редовна консултација на стоматолог и редовни снимки на вилицата, ќе може да ја следите секоја промена на вилицата.

Докторите исто така би ве советувале да ги отстраните умниците пред 25-тата година, доколку ви прават било какви од наведените проблеми, бидејќи подоцна отстранувањето е многу потешко.

dali-e-neophodno-da-gi-izvadite-umnicite-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...

Најчитани неделава