Една навика со која ќе ја спречите појавата на „пајакови“ вени

Полека, но сигурно, почнавме телото да го изнесуваме на сончева светлина и да се разголуваме. Токму тоа изложување на сонцето може да предизвика појава на поткожни вени во облик на пајакова мрежа (односно, пајакови вени).

edna-navika-so-koja-kje-ja-sprecite-pojavata-na-pajakovi-veni-01.jpg

Ваквиот тип на вени е проблем за голем број на луѓе. Обично се појавуваат на нозете, ама не е реткост да бидат видливи и на лицето.

Токму заради нивниот развој треба да бидете внимателни како ја изложувате кожата на сонцето, бидејќи UV зраците значително можат да ја зголемат веројатноста од појава на ваков тип на вени.

Влијанието на UV зрачењето на вените

Кога колагенот ќе почне да се распаѓа заради големата количина на UV зраци, сврзното ткиво и кожата стануваат слаби и неповратно се растегнуваат. Ослабениот колаген резултира со зголемен притисок на вените и тогаш стануваат видливи на кожата.

Обично, поголемиот дел од телото заштитено со облеката, но лицето дефинитивно не е е, па добро е секогаш да користите креми за заштита.

Избегнувајте сончање без заштита

Наскоро ќе дојде време кога ќе почнеме да планираме да се сончаме, а токму во овој период UV зраците се најсилно изразени и можат да ја оштетат кожата.

Затоа, секогаш избегнувајте да се сончате, ако немате соодветна заштита.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава