Како да го спречите мамурлакот?

Најтешкиот дел од забавите со алкохол е утрото потоа. Мамурлакот и главоболката се нешто што дефинитивно сакате да го избегнете по прекрасно поминатата ноќ.

kako-da-go-izbegnete-mamurlakot-po-burnata-nok-2.jpg

За среќа, постојат неколку трикови кои ќе ги намалат последиците. Важно е да ги запаметите додека пиете:

Бидете хидрирани

Ова е со сигурност едно од основните правила. Додека пиете коктели или пијалаци кои содржат одредено количество на шеќер, препорачливо е помеѓу секој пијалак да пиете по една голема чаша вода.

Шеќерот и алкохолот се опасна комбинација, па затоа најдобро е да го „разредите“ тоа со неколку чаши вода.

Шеќерот заменете го со лимон

Дефинитивно, многу подобро ќе се чувствувате доколку вотката ја „пресечете“ со цеден лимон, наместо со сок од боровница. За разлика од шеќерите кои се содржани во сокот, лимонот целосно и потполно ќе ви го разбистри умот.

Јадете пред да пиете

Најдобро познато правило е јадење пред пиење. При празен желудник, алкохолот многу побрзо ќе почне да дејствува. Затоа доколку знаете дека се подготвува забава или добра свирка, најпрво малку каснете си, а потоа одете да се забавувате и да се напиете по некоја чашка.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...

Најчитани неделава