Кој хормон е клучен за слабеење?

Речиси е невозможно постојано да јадеме сѐ и сешто, а истовремено да имаме совршена крвна слика и да изгледаме одлично. Сепак, доколку вежбате неколку пати во неделата, притоа се придржувате до одреден режим на исхрана и сѐ уште не сте успеале да ослабнете, ние имаме добра вест за вас.

koj-hormon-e-kluchen-za-slabeenje-2.jpg

Според објавата на сајтот „Mindbodygreen“, во нашето тело постои еден хормон кој е клучен за намалување на тежината. Станува збор за посебен ензим, односно хормон-сензитивна липаза (HSL).

Сите ние имаме негови траги во нашето тело, а притоа тој е одговорен за уништување на масните клетки во организмот. HSL работи оптимално кога нивото на инсулин е ниско. Тоа е така затоа што инсулинот е одговорен за складирање на мастите во нашето тело.

Заклучок: Потребно ни е високо ниво на HSL  и ниско ниво на инсулин за да се зголеми потенцијалот за согорување на мастите.

„Ако било кој систем работи помалку од оптимално, нашето тело ќе се спротистави на секој обид за намалување на вишокот килограми“, објаснува сајтот.

Од причина што HSL-от го нема во нашиот организам во големи количини, најважно е да го насочиме нашето тело да произведе повеќе од овој тип на ензими.

Постојат две вежби кои можат да ви помогнат во тоа: преку високо-интензивен тренинг на интервали(HIIT) и стоењето. Токму така, самото стоење кое трае подолг временски период ги активира сите мускули, а тоа го поттикнува производството на HSL.

Па нема време за чекање, сите „на нозе“!

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Нашиот детски хирург д-р Марјан Камилоски: „Имав едно дете голтнало значка, се случува да голтнат па... „Кај децата многу често се случува да дојде до голтање на предмети. Играчки...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...

Најчитани неделава