Кои социјални мрежи се најлоши за здравјето?

И да сакаме, без социјалните мрежи веќе не можеме. Тие се клучни за нашата комуникација и поврзување со пријателите, на нив минуваме огромен дел од слободното време, но се и алатка со која најлесно може да ја промовираме работата со која се занимаваме.

koi-socijalni-mrezhi-se-najloshi-za-zdravjeto-1.jpg

Социјалните мрежи потполно го запоседнаа нашето секојдневие, а од нив се особено зависни тинејџерите, кои животот без Facebook, Instagram, Snapchat  YouTube не го ни познаваат воопшто.

koi-socijalni-mrezhi-se-najloshi-za-zdravjeto-2.jpg

Royal Society for Public Health   спроведе истражување на примерок од 1.400 млади луѓе на возраст помеѓу 14 и 24 години, доаѓајќи до интересни, но и по малку мрачни заклучоци. Во фокусот на истражувањето била поврзаноста на социјалните мрежи со депресивното и проблематичното однесување, а со цел да се утврди дали истите имаат лошо влијание врз здравјето на младите.

koi-socijalni-mrezhi-se-najloshi-za-zdravjeto-3.jpg

Тажните резултати покажуваат дека социјалните мрежи создаваат зависност, дури и повеќе од цигарите и алкохолот, како и дека се поврзани со депресијата кај младите личности. Според Marie Claire, бројот на млади Британци кои страдаат од анксиoзност и депресија се зголемил за 70% во последните 25 години, што е навистина загрижувачки податок.

koi-socijalni-mrezhi-se-najloshi-za-zdravjeto-4.jpg

Но, да се вратиме на инстражувањето. Како најлоши за здравјето се покажале двете популарни мрежи базирани на фотографии - Snapchat  и  Instagram   – бидејќи создаваат чувство на срам поради телото кое не е „совршено“, воедно поттикнувајќи и несоница и вознемиреност. Покрај тоа, младите признале и дека се чувствуваат лошо поради друштвените настани кои ги пропуштаат, а што се поттикнува од обете социјални мрежи.

koi-socijalni-mrezhi-se-najloshi-za-zdravjeto-5.jpg

Најпозитивната социјална мрежа е YouTube, откриваат истражувачите, затоа што ги учи младите на разни вештини, а ја подигнува и свеста за важноста на здравиот начин на живот, но и бројните проблеми, како што се насилството, алкохолизмот и бројните несигурности.

koi-socijalni-mrezhi-se-najloshi-za-zdravjeto-6.jpg

Социјалните мрежи станаа место на кое ги градиме односите со другите, формираме самодовербата, се изразуваме и учиме за светот околу нас, па логично е што се директно поврзани со нашето ментално здравје.“, заклучува Ширли Крамер  од „Royal Society for Public Health“.

Која е вашата омилена социјална мрежа?

koi-socijalni-mrezhi-se-najloshi-za-zdravjeto-7.gif

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Знаци (и здравствени проблеми) дека е редно да купите нов душек Секое утро се будите вкочанети и не се ни сеќавате кога последен пат сте го смен...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...
6 симптоми за проблеми со срцето кои не се поврзани со градите Вртоглавицата и ненадејната силна главоболка можат да бидат знак за проблем со с...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...

Најчитани неделава