Во кои ситуации испакнатината на дланката може да биде опасна?

Добро погледнете си ги дланките одозгора – имате ли мала испакнатина кога прстите ќе ги повлечете надолу?

vo-koi-situacii-ispaknatinata-na-dlankata-moze-da-bide-opasna-001.jpg

Честопати луѓето ја игнорираат оваа појава, мислејќи дека се работи за мртва коска, без да размислат точно кога им се појавила и зошто.

Медицинскиот назив за ова е хигрома на зглобот.

Каде може да се појави?

Најчесто на дланките, и тоа на две места – околу палецот или на средината над прстите.

Зошто се појавува?

Причините не секогаш се лесни за утврдување, но мора да ги знаете сите опции:

  • Слабост на коските и склоност на остеопороза,
  • Неодамнешна повреда или неправилно заразнување,
  • Воспаленија на ткивата на зглобовите,
  • Чести и долги повторувачки движења со рацете (како на пример кај музичарите или оние кои работат на компјутер).

Симтоми кои не смее да ги игнорирате:

  • Потешкотии да ги придвижите прстите или зглобовите,
  • Кожата околу израстокот станува црвена или се лупи,
  • Зголемена или намалена чувствителност на кожата околу израстокот,
  • Притисок на нервите околу него.

Дијагноза:

Дури и ако сметате дека го имате со години и нема потреба од преглед, направете го. Оваа навидум незначајна мртва коска може да се развие во малиген тумор.

Задолжително консултирајте се со лекар доколку забележите некој од симптомите.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Зошто имате испакнати вени (и кога треба да одите на лекар)? По интензивна физичка активност, нормално е вените да изгледаат испакнато. Исто ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg