За безгрижно лето: Како да избегнете труење со храна?

Летото е период кога треба посебно да внимаваме како ја чуваме храната и што внесуваме во организмот.

za-bezgrizhno-leto-izbegnete-truenje-so-hrana-01_copy.jpg

Топлите денови носат потенцијални опасности по здравјето, особено во однос на труење со храна, поради високите температури и зголемената влажност на воздухот кои предизвикуваат размножување на бактерии.

Придржувајте се кон следниве совети за да немате проблеми со труење во текот на топлите месеци:

1. Кога патувате на некое место, никогаш немојте да пиете вода ако не сте сигурни дека е добра за пиење. Распрашајте ги локалните жители за квалитетот и потеклото на водата од чешма.

2. Не пијте пијалаци кои долго време стоеле во шише или во чаша.  

3. Задолжително мијте ги рацете пред секое подготвување на храна. Овошјето и зеленчукот нека бидат убаво измиени, без разлика дали има или нема лушпа.

za-bezgrizhno-leto-izbegnete-truenje-so-hrana-02.jpg

4. Раздвојте ги намирниците во фрижидерот. Свежото месо и рибата треба да бидат одвоени од овошјето, зеленчукот и млечните производи.

5. Одржувајте ја правилната температура во фрижидерот. Оптимална температура за фрижидерот е 4 степени, а -18 степени во замрзнувачот.

6. Кога сте на некое непознато место, внимавајте во кои ресторани јадете. Избегнувајте непроверени ресторани, улични продавници за брза храна или места во кои ќе забележите лоши хигиенски услови.

7. Избегнувајте храна со многу сосови во неа, како и недоволно термички обработени месо, риба или морски плодови.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...

Најчитани неделава