Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


За пријатен лет: Храна која треба да ја избегнувате пред патување со авион

Невкусната храна, децата кои вриштат и прават врева, но и анксиозноста поради можните турбуленции, често го прават патувањето со авион и не баш пријатно искуство.

za-prijaten-let-hrana-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-pred-patuvanje-so-avion-1.jpg

Згора на сè, нештата може дополнително да се искомплицираат, доколку чувствувате мачнина поради оброкот кој сте го изеле непосредно пред летот.

Во продолжение од текстот, ви откриваме која храна е пожелно да ја избегнувате пред патувањето со авион, доколку при слетување, сакате да изгледате свежо и здраво како и на полетување:

1. Врел помфрит

Пржените компирчиња се полни со масти и натриум, кои лошо се варат на високи надморски височини, па се препорачува да не ги консумирате пред летот.

za-prijaten-let-hrana-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-pred-patuvanje-so-avion-3.jpg

2. Црвено месо

Она што важи за помфритот, важи и за бургерите, но и останатите оброци од црвено месо. За да ја избегнете мачнината и тромоста, подобро би ви било да каснете некое поздраво јадење, како на пример пилешко бело месо на скара со зелена салата.

za-prijaten-let-hrana-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-pred-patuvanje-so-avion-4.jpeg

3. Јаболко

Можеби ќе ве изненади што и ова здраво овошје се наоѓа на листата, но постои добра причина за тоа.

Имено, јаболката се изразито богати со влакна, што во нормални околности е позитивна работа, но пред патувањето не треба да внесувате храна која потешко се вари, односно може да предизвика надуеност.

Дињите се сметаат за подобра алтернатива.

za-prijaten-let-hrana-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-pred-patuvanje-so-avion-5.jpeg

4. Грав

Чорбест, потпечен или како салата – гравот треба да го избегнувате во сите форми пред патувањето со авион, освен ако немате ништо против да чувствувате грчеви во стомакот на висина од десетина илјади метри над земјата.

za-prijaten-let-hrana-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-pred-patuvanje-so-avion-6.jpeg

5. Лута пиперка

Во суштина, може да се каже дека било која лута храна не е препорачлива. Нелагодноста во стомакот и честите посети на тоалетот не се нешто кое сакате да го искусите во авион.

za-prijaten-let-hrana-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-pred-patuvanje-so-avion-7.jpeg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
8 симптоми на инфаркт за кои жените треба да бидат свесни Постои разлика меѓу симптомите на инфаркт што ги чувствуваат мажите и жените. И,...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg