Што ќе ни се случи ако никогаш во животот не видиме сонце?

Научно е докажано дека сонцето има големо влијание врз расположението на луѓето, па токму затоа сме попозитивни кога надвор е сончево, отколку кога врне.

shto-kje-ni-se-sluchi-ako-nikogash-vo-zhivotot-ne-vidime-sonce-01.jpg

Сончевата светлина, иако може да влијае негативно, има многу придобивки за организмот.

Дали некогаш сте се запрашале што би се случило доколку не се изложуваме на сонце?

Прочитајте го одговорот во продолжение:

Се зголемува ризикот од срцеви заболувања

Кога не сме изложени на сончева светлина телото не ни произведува витамин D кој нè штити од проблеми со срцето. Сонцето исто така го регулира и крвниот притисок, па без него би се појавиле разни кардиоваскуларни проблеми.

shto-kje-ni-se-sluchi-ako-nikogash-vo-zhivotot-ne-vidime-sonce-02.jpg

Имаме полошо расположение

Сонцето е задолжено за создавање на хормонот серотонин кој прави да се чувствуваме позитивно. Иако постојат и други начини за да бидеме посреќни, редовната изложеност на сонце е најприроден начин да се чувствуваме поубаво.

shto-kje-ni-se-sluchi-ako-nikogash-vo-zhivotot-ne-vidime-sonce-03.jpg

Нервниот систем ослабува

Се смета дека ако не поминуваме доволно време на сонце додека сме деца, се зголемува ризикот од мултиплекс склероза, болест која го напаѓа централниот нервен систем, понатаму во животот.

shto-kje-ni-se-sluchi-ako-nikogash-vo-zhivotot-ne-vidime-sonce-04.jpg

Стануваме помалку отпорни на болка

Без сонце, болките во мускулите и целото тело се зголемуваат бидејќи сонцето ги загрева мускулите и со тоа ја намалува болката.

shto-kje-ni-se-sluchi-ako-nikogash-vo-zhivotot-ne-vidime-sonce-05.jpg

Се намалува шансата за бебе кај жените

Без сончева светлина, во телото на жените има повеќе мелатонин – хормонот кој ја намалува плодноста, па во ваква состојба шансите да се забремени се минимални.  

Недостатокот од сонце влијае и на нивото на тестостерон кај мажите.

shto-kje-ni-se-sluchi-ako-nikogash-vo-zhivotot-ne-vidime-sonce-06.jpg

Имунитетот опаѓа

Недостатокот од сонце значи помало количество на бели крвни зрнца, што значи дека организмот станува помалку отпорен на настинки и болести.

shto-kje-ni-se-sluchi-ako-nikogash-vo-zhivotot-ne-vidime-sonce-07.jpg

Се загрозува здравјето на забите

Научно е потврдено дека кога не сме изложени на сонце, се зголемува ризикот од кариес и други проблеми со забите.

shto-kje-ni-se-sluchi-ako-nikogash-vo-zhivotot-ne-vidime-sonce-08.jpg

Ќе бидеме во вечна „зимска депресија“

Без сонце, вечно ќе бидеме жртви на синдромот наречен „зимска депресија“ која настанува кога не сме доволно изложени на сонце. Вештачката светлина сепак не може целосно да ја замени природната.

shto-kje-ni-se-sluchi-ako-nikogash-vo-zhivotot-ne-vidime-sonce-09.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Шест знаци дека стареете побрзо отколку што треба (и зошто) Ако немате ни 40 години, а забележувате дамки од сонце на лицето, тоа значи дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg