Грижа за себе: Победете ја анксиозноста за 21 ден

Нагли промени во расположението, нервоза поради ситници, физички промени на телото – сите овие симптоми укажуваат на анксиозност.

grizha-za-sebe-pobedete-ja-anksioznosta-za-21-den-01.jpg

Тешко е да се живее со оваа состојба која е сè поприсутна во модерниот свет. Постојат многу работи кои ги правите, а не сфаќате дека се заради анксиозност и постојат и природни начини кои можат да ви помогнат.

Но, постои и еден нов, интересен предизвик за кој психолозите тврдат дека се докажал како мошне функционален кај луѓето кои не можат да воспостават ментална рамнотежа.

Најдобрите резултати се постигнуваат чекор по чекор, а не наеднаш, па поради тоа овој предизвик вреди да го пробате. Трае 21 ден и ги решава проблемите кои настануваат поради анксиозност.

Прочитајте што треба да правите во деновите од предизвикот:

1 ден: Бојте во боенка

2 ден: Правете вежби за дишење околу 10 минути

3 ден: Слушајте музика која го подобрува расположението (или која ви влијае позитивно кога ја слушате)

4 ден: Медитирајте.

5 ден: Јавете му се на некој драг пријател со кој одамна се немате слушнато.

6 ден: Трчајте или вежбајте.

grizha-za-sebe-pobedete-ja-anksioznosta-za-21-den-02.jpg

7 ден: Кажувајте си мантри за позитивна енергија.

8 ден: Исплачете се или најдете друг начин да ја извадите негативната енергија надвор.

9 ден: Запишете си ги чувствата во дневник.

10 ден: Решете некоја крстозборка.

11 ден: Исфрлете го кофеинот, барем за одредено време.

12 ден: Опуштете го телото и танцувајте слободно, без срам.

13 ден: Правете вежби со анти-стрес топчиња. Притиснете ги со дланките, па пуштете ги.

grizha-za-sebe-pobedete-ja-anksioznosta-za-21-den-03.jpg

14 ден: Направете си топла купка.

15 ден: Смејте се. Пуштете си смешни видеа, гледајте смешни фотки, читајте вицови, итн.

16 ден: Започнете некое креативно хоби.

17 ден: Пробајте јога вежби за истегнување и опуштање.

18 ден: Направете дигитален детокс, барем за тој ден. Поминете цел ден без телефонот или компјутерот.

19 ден: Излезете надвор на прошетка.

20 ден: Направете „распоред на грижи“. Одвојте време во денот во кое ќе мислите на грижите, а останатото време поминете го во правење други нешта.

21 ден: Прифатете го сето она што го чувствувате.

grizha-za-sebe-pobedete-ja-anksioznosta-za-21-den-04.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Има ли начин побрзо да оздравите од настинка (или мора да чекате скоро цела недела)? Антибиотиците нема да ви помогнат побрзо да оздравите од настинка бидејќи ова не...
Шест навики со кои несвесно си ја влошувате анксиозноста Постојано размислувате за најлошото можно сценарио и неопходно ви е туѓо признан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg