Зачинета храна и многу супи: Здрави навики од различни земји во светот


Зачинета храна и многу супи: Здрави навики од различни земји во светот

Сите земји си имаат свои навики и начин на живот кој функционира за нив. Добро е кога можеме нешто да научиме и да прифатиме како корисно и за нас.

zachineta-hrana-i-mnogu-supi-zdravi-naviki-od-razlichni-zemji-vo-svetot-01.jpg

Додавање зачини во храната и често јадење супа се само дел од здравите навики кои ги применуваат луѓето во различни земји во светот.

Во продолжение, прочитајте уште неколку интересни правила за здрав живот:

Бразил - свежи намирници

Во Бразил, луѓето најчесто јадат свежо овошје и зеленчук: манго, папаја, моркови, целер, како и месо и непреработена храна. Исто така, тие најчесто јадат во друштво бидејќи така побрзо се заситуваат.

zachineta-hrana-i-mnogu-supi-zdravi-naviki-od-razlichni-zemji-vo-svetot-02.jpg

Франција -  квалитетна храна во мали порции

За французите, нема „забранети“ намирници. Тие јадат сирења, кашкавали, леб и слатки, но во ограничени количини. Внимаваат порциите да бидат мали, но со квалитетни намирници.

zachineta-hrana-i-mnogu-supi-zdravi-naviki-od-razlichni-zemji-vo-svetot-03.jpg

Кина – многу зеленчук и зелен чај

Кинезите во својата исхрана вклучуваат многу зеленчук и риба, а на нивното мени речиси секој ден се зеленчуковите супи. Едни од основните намирници на Кинезите се зелен чај и ориз. Тие јадат бавно и контролирано и воопшто не се оптоварени со броење калории.

zachineta-hrana-i-mnogu-supi-zdravi-naviki-od-razlichni-zemji-vo-svetot-07.jpg

Индија – зачинета храна

Индијците веруваат дека зачините го подобруваат вкусот на секое јадење, па така за нивната кујна карактеристични се зачини како шафран, ѓумбир, кари, куркума и слично. Освен што го подобруваат вкусот, дел од овие зачини се корисни и за зајакнување на имунитетот.

zachineta-hrana-i-mnogu-supi-zdravi-naviki-od-razlichni-zemji-vo-svetot-04.jpg

Шпанија – здрави ужинки

Во Шпанија е популарна медитеранската исхрана која се базира на риба, овошје, маслиново масло и слично. Шпанците сакаат за ужинка да јадат овошје и зеленчук и ретко консумираат пржена храна.

zachineta-hrana-i-mnogu-supi-zdravi-naviki-od-razlichni-zemji-vo-svetot-06.jpg

Шведска – исхрана богата со млечни производи

Швеѓаните не користат многу овошје и зеленчук во исхраната, но затоа консумираат многу млечни производи. Во Шведска речиси и да нема луѓе со прекумерна тежина, а тоа се должи на внесот на калциум и влакна кои ги има во млечните производи.

zachineta-hrana-i-mnogu-supi-zdravi-naviki-od-razlichni-zemji-vo-svetot-05.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 навики кои се штетни за стапалата Стапалата се важен дел од човечкото тело, иако на нив некако не посветуваме дово...
Навики од кои треба да се откажете ако сакате да немате проблеми со грбот Голем дел од луѓето патат од проблеми со грбот и секојдневни болки. Иако за...
Навики на здравите луѓе кои треба да ги примените и вие Сите сакаме да бидеме здрави и сите слушаме за правилна исхрана, вежбање и балан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg