Што ќе ви се случи ако една минута ја масирате точката помеѓу веѓите?

Кога сте уморни, напнати и страдате од главоболки, ова е вистинскиот лек. За само една минута ќе ги почувствувате резултатите.

shto-kje-vi-se-sluchi-ako-edna-minuta-ja-masirate-tochkata-pomegju-vegjite-01.jpg

Голема е веројатноста дека во еден миг од животот ви дошло или ќе ви дојде потребата со врвот на прстот да го измасирате делот од лицето помеѓу веѓите. Инстинктот не ве лаже, масирањето на оваа точка навистина е од корист.

Што се случува кога го масирате тој дел од лицето?

Според кинеската медицина, масирањето на пределот меѓу веѓите делува благотворно на нашето здравје, расположение и работна состојба.

Со ваквата масажа се подобрува концентрацијата, се намалува напнатоста, се лекува главоболката и се опуштаат очите, особено по долго време минато пред компјутер.

Во кинеската медицина, исто така, се верува дека масирањето на оваа точка ја зајакнува интуицијата.

shto-kje-vi-se-sluchi-ako-edna-minuta-ja-masirate-tochkata-pomegju-vegjite-02.jpg

Како правилно да се масирате?

Нежно со показалецот притиснете и мрдајте го прстот вертикално во отприлика 3 сантиметри должина. Правете го ова од 45 до 60 секунди и потоа ќе ги почувствувате резултатите од „магичната“ масажа.

Точката се вика Yintang и некои ја сметаат за трето око. Тоа е енергетски центар со чие масирање се овозможува и полесно и побрзо смирување и заспивање, дури и кај бебињата. Во таков случај треба да масирате кружно во насока на стрелките на часовникот.

На овој начин се активира делот од мозокот кој помага во намалувањето на нервната напнатост.

shto-kje-vi-se-sluchi-ako-edna-minuta-ja-masirate-tochkata-pomegju-vegjite-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца? Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...
„Подмолни“ симптоми на синдром на полицистични јајници што секоја жена треба да ги знае Дебелеењето и отежнатото слабеење, како и појавата на влакна на брадата и лицето...
Што треба, а што НЕ треба да правите ако често страдате од мигрена? Немојте да прескокнувате оброци, а ако сте склони кон мигрена, наоѓајте повеќе в...
8 промени кои можат да бидат ран знак за Паркинсонова болест (и не треба да ги игнорирате) Отежнат говор, промени во ракописот, но и промени во изразите на лицето – што др...

Најчитани неделава