Што треба, а што НЕ треба да правите ако често страдате од мигрена?

Немојте да прескокнувате оброци, а ако сте склони кон мигрена, наоѓајте повеќе време за релаксација во текот на денот.

shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-ako-chesto-stradate-od-migrena01.jpg

Мигрената претставува интензивна главоболка, најчесто од едната страна.

Повремените главоболки не се нешто што треба да ве загрижува, но ако станат чести, консултирајте се со лекар бидејќи можно е да имате мигрена.

Лекарот може да ви даде соодветна терапија која ќе ги ублажи симптомите, но препорачливо е и вие да промените некои животни навики.

Што НЕ треба да правите ако имате мигрена?

Да прескокнувате оброци

Ако долго време на јадете ништо, може да ви се намали нивото на шеќер во крвта, а ова прво се одразува на мозокот.

Па, доста често, главоболките можат да бидат поврзани со глад.

Да вежбате премногу или премалку

Физичката активност е важна и добра за целокупното здравје, што значи може да помогне и ако имате мигрена.

Од друга страна, претераната физичка активност со која ги преминувате вашите граници може да предизвика главоболка.

Затоа, бидете свесни за вашата издржливост и не се форсирајте непотребно.

shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-ako-chesto-stradate-od-migrena-02.jpg

Да си дозволите да дехидрирате

Кога чувствувате жед, тоа е знак дека вашето тело веќе влегува во фаза на дехидратација. А, дури и кога дехидратацијата е многу мала, може да предизвика главоболка.

Ако заборавате да пиете вода, денес има безброј апликации кои ќе ве потсетуваат, но и кои ќе ви помогнат да следите колку сте испиле во текот на денот.

Да минувате многу време пред екран

Кога гледате во екран со часови, очите се напрегаат, а ова, пак, може да се манифестира како главоболка.

Ако работите пред компјутер, правете почести кратки паузи – некогаш е доволно и само да ги затворите очите на една минута.

shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-ako-chesto-stradate-od-migrena-03_copy.jpg

Да ги триете забите

Ако имате навика да ги триете забите или да ги притискате вилиците, може да имате посериозен проблем со главоболка.

Ако, пак, главоболките ви се јавуваат наутро, можеби имате и бруксизам, односно триење на забите додека спиете.

За овој проблем, најдобро е да се консултирате со лекар или заболекар, но и да го намалите нивото на стрес.

Ако имате анксиозност или други проблеми со менталното здравје, разговарајте и со психолог ил психијатар.

Да ја игнорирате вашата околина

Гласни звуци, силно светло, одредени мириси – сето ова се работи што можат да ја активираат мигрената.

Кога ќе забележите дека некој стимул ви има влијание, пробајте да се оттргнете или да се ослободите од него.

shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravite-ako-chesto-stradate-od-migrena-04.jpg

На следната страница, што ТРЕБА да правите ако имате мигрена…



Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Како да ги избегнете проблемите со колената (што ги имаат скоро сите)? Немојте нагло да почнувате со вежбање по долг период на неактивност и ако чувств...
6 работи за кои треба да престанете да го лажете вашиот лекар Дали редовно ја пиете терапијата, колку сте физички активни, дали имате проблем ...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg