Што треба, а што НЕ треба да правите ако често страдате од мигрена?
Обрнете внимание на сонот
Од една страна, важно е да спиете доволно – околу седум часа секоја ноќ. Но, од друга, исто важно е и да не спиете премногу бидејќи ова може да ви создаде главоболки.
Внимавајте колку кафе пиете
Кога сте умерени, кофеинот не е штетен – дури и некои апчиња за главоболка содржат кофеин. Но, доколку претерате, кофеинот ќе има спротивен ефект, односно може да биде причина за главоболка.

Следете ја временската прогноза
Кога времето е облачно и кога има бура, настапува промена во атмосферскиот притисок, а ова може да има влијание врз мигрената.
Затоа, добро би било да ја следите прогнозата за да се подготвите – на деновите кога има бура, пробајте да одложите некои обврски, купете си апчиња за главоболка и пробајте да се релаксирате повеќе.
Имајте го предвид менструалниот циклус
Кога имате менструација или сте во ПМС, мигрените може да бидат почести и поизразени.
Па, следете го вашиот циклус и кога ќе наближат деновите на ПМС, снабдете се со лекови за главоболка, а пробајте и да се релаксирате повеќе.

Следете ја појавата на главоболки
Ако главоболките ви се чести, почнете да водите дневник во кој ќе запишувате кога сте добиле главоболка, но и во какво опкружување сте биле.
На овој начин ќе ви биде појасно кои работи ви ја „активираат“ мигрената или во кои периоди од денот ви е најчеста. Па, ќе знаете што да избегнувате.
Бидете внимателни со пиењето алкохол
Некогаш, алкохолот може да ве релаксира, секако, сè додека сте умерени.
Но, кај некои луѓе и само една чаша вино или друг алкохолен пијалак може да предизвика главоболка.
Ако забележите дека мигрените почнуваат веднаш откако ќе се напиете алкохол, најдобро избегнувајте го.

Спирова С. | Црнобело
